Проектилот на Тонали со кој го запали Бергамо

Италија влезе со огромен психолошки притисок во баражот за Светско, откако и се случи фијаско против Шведска и Македонија, селекциите кои не и дозволија да биде учесник на два Мундијали по ред. Сандро Тонали со неодбранлив душмански удар ги ослободи Италијанците од притисикот. Експлодираа сите од радост, од навивачите, па сè до Буфон и Бонучи. Мојзе Кин ја осигура победата против Северна Ирска. Ги чека финале во БиХ.

27 март 2026 - 10:30