Колумбиецот Ерера ја пееше македонската химна најгласно од сите
Триесет годишниот Себастијан Ерера кој пет сезони го носеше дресот на Работнички од Скопје а потоа играше и за Брегалница, синоќа дебитираше за македонската репрезентација. Дебито нема да го памети по добро, затоа што Македонија беше декласирана со 4-0 од Данска, но затоа ќе се памети начинот на кој тој гордо ја испеа македонската химна. Инаку Ерера има сопруга од Македонија.