Сабаленка со овој триумф во Мајами стана петта тенисерка во историјата која го комплетираше таканаречениот Саншајн Дубл односно тенисерка која ги освоила Индијан Велс и Мајами во иста сезона.
Ова претходно им успеало само на Штефи Граф, Ким Клајстерс, Викторија Вика Азаренка и Ига Швјонтек.
Финалето во Мајами беше прав десерт за гледачите кои од делумно исполнети трибини сведочеа фантастичен тенис. Кај мажите вечерва од 21:00 по средноевропско време се игра големото финале меѓу Јаник Синер и Чехот Лехечка.