Offside

Репрезентацијата дебитант на Светско првенство Зеленортски острови (земја со население од 530.000 жители) ја намачи Аргентина во 1/16 финале од Светското првенство па Меси и другарите едвај после продолженија славеа 3:2 и се пласираа во осминафинале со тешка мака.

Игор Карачиќ има срце вардарово

Сезонава е дел од Кјелце каде реши да бара нови предизвици, но со мислите е во Скопје кај шампионот со кој два пати се искачи на покривот на Европа. Кога на Вардар му е тешко со форма, резултати и повредени играчи, поддршка добива од верната публика во Јане, но и од некој друг.

Туку што беше со одбраниве на Тер Штеген

Атлетико Мадрид беше подобар во поголемиот дел од дербито на колото со Барселона, но мечот на крај го реши Меси со гол во 85' минута после една контра. Но човекот на кого сите му се поклонуваат е можеби најдобриот голман во моментов во Европа. Марк-Андре Тер Штеген.

Вардар декласиран на свој паркет од Веспрем

Трет, тежок пораз во серија за ракометарите на Вардар во Лига на шампиони, овојпат во Скопје од еден од фаворитите за титулата Веспрем, 29-38 (15-22).

Маестрален гол падна на Олд Трафорд, го дадоа гостите

Маркус Рашфорд само што промаши сериозна шанса за водство, на другата страна детето на Астон Вила Џек Грилиш го смрзна Олд Трафорд.

Велшани, да не биде после кој последен се смее најслатко се смее

Луѓето задолжени за профилите на социјалните мрежи на фудбалската асоцијација на Велс (посебно оние на Твитер) продолжија со заебанцијата на сметка на Реал Мадрид. Откако навивачите ја пееа песната „Велс, голф, Мадрид“ посветена на тоа што му е најважно на Герет Бејл, сега и официјалните профили продолжија со спрдњата.

Дриблинг поради кој бекот го извадија од игра

Саутемптон тргна да се вади од дното. Го победи Вотфорд со 2-1, а потегот на мечот го имаше Софиан Буфал. После овој дриблинг, противничкиот бек Кико мораше да излезе од игра.

Како Баерн зезна 3 на 1 против голман

Со двата гола на најголемиот талент во цела Германија, Јамајчанецот Леон Бејли, Леверкузен на гости го шокираше Баер Минхен со 1-2. Баварците играа мајтап и го потценија противникот, па на крај тоа им се одби од глава.

Голманот на Вест Хем за кој зборува фудбалска Британија

По катастрофалните резултати на екипата, тренерот на Вест Хем Мануел Пелегрини висеше со една нога над бездната од отказ. Го спаси третиот голман кој никогаш не бранел во Премиер лига.

Два да му го броите голов на Марио Пашалиќ

Хрватскиот репрезентативец Марио Пашалиќ постигна два гола на мечот Бреша - Аталанта 0:3. Првиот е брз шах - мат потег кој може да ви избега од вид ако трепнете. Петица без да гледа, ама кроз нозе.

Ама му легна на Тричко

Гол број 11 на македонскиот репрезентативец Иван Тричковски кој и натаму е најдобар стрелец во Кипар. Овој пат за жал не успеа да го спаси АЕК Ларнака од пораз, кој го загуби дербито против Анортозис со 1:2. Али убаво голчево на Тричко, стварно добро ја зафати.

Страшна е групата во која можно е да влезе и Македонија на ЕП 2020

Македонската фудбалска репрезентација ги дозна можните противници за следното Европско првенство на кое се разбира ќе учествува ако го освои фајнлфорот во Лига на нации.

Сава Осигурување преку дуото Глигуровски-Марковски до победанад МЕПСО

Во последниот ден од 9. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на Сава Осигурување, Окта и ЕЛЕМ.

Унаи Емери и Пики Блајндерс

Кралот на Лига Европа, како што новинарите го завикаа човекот кој со Севиља икс пати го освојуваше пехарот во ова натпреварување, не ги издржа нападите од навивачите, притисокот во соблекувалната и нелојалноста на некои играчи во Арсенал. Доби отказ, а на негово место, привремено седна Фреди Јунберг.

Напаѓачкиот тандем на Интер се повампири

Во време на Морати, Интер секогаш пазареше дел од најзвучните имиња во напад, ама замислете ова што го прават сега двајцава, не ми тргнало од рака ниту на Виери – Креспо, Роналдо - Рекоба, Милито – Ето и да не редиме до крај.

Каков тандем: Ајрон Меиден и Вест Хем Јунајтед

„Die With Your Boots On“ е името на уникатната соработка меѓу легендарниот бенд IRON MAIDEN и премиерлигашот од Лондон, Вест Хем Јунајтед. Навивачите на клубот ќе може да набават дресови со името на овој бенд чии следбеници исто имаат симпатии за „чеканите“:

Конор конечно се враќа, одреден датумот кога ќе се бори

После бурата со Хабиб и неговите Дагестанци, лудиот Ирец сега има друг противник, кој го планира како отскочна даска за Хорхе Масвидал кој бара „да не го пуштаат тоа момче со него затворен во ринг, дека ќе го повреди“.

Клинците на Јунајтед и паднатиот испит во далечниот Казахстан

Иако навивачите на Јунајтед за поразот во Казахстан бараат алиби во тоа што тимот играл со млади и анонимни играчи, сепак реномето на некогаш најголемиот светски клуб е паднато на многу ниски гранки.

Маестро Кире Лазаров има да ви покаже нешто

Како беше она: Годините се пролазни, класата е вечна. Тоа е Кире Лазаров за коj оние 39 кои ги има се само бројка и ништо повеќе.

Не е Златан, Маркус е синот на Малме

Во чест на една од своите најголеми клупски легенди, Маркус Розенберг, виоскиот центарфор кој од свои 5 години е во Малме, а кој синоќа го одигра последниот меч за шведскиот клуб затоа што оди во пензија, навивачите подготвиле прекрасна кореографија.

Ваквите мајсторски голови на Пандев не потсеќаат

И на Марадона и Тоти, ама тоа голчиштето на Пандев некако не излегува од глава и плус е најтазе. Овој пат такво велелепно нешто се случи во Мексико. За ежење се овие потези.

Како во Луксембург го сушеа теренот за Лига Европа

Не сме виделе вакво нешто како ова што го правеа синоќа домаќините Дуделанж против АПОЕЛ пред да почне мечот. Ајде, ајде не зборите многу, фатете се за работа, мора да упие.

Ма какви редари има шутка да му правиме за гол во 96-та

Најголемата голеада на синоќешните средби од Лига Европа се случи во Шведска, каде Малме го совлада Динамо Киев со 4:3. Голот за победа падна во 6-та минута од продолжението и значи втора позиција за Швеѓаните кои остануваат со шанси за следна рунда. Ова е таа емоција играч - навивачи.

Спортинг го прегази ПСВ, Ристовски патува во следна фаза

Единствениот македонски претставник во Лига Европа не беше вечерва во составот на Спортинг кој го прегази ПСВ со 4:0. Ајнтрахт со пресврт го совлада Арсенал на гости и се вмеша за прво место. Партизан е елиминиран откако при водство од 0:2 во Холандија, прими два комада на крај.