После цели 32 сушни години, швајцарскиот клуб Јанг Бојс на 28 април 2018-та година ја освои титулата. Генерации и генерации навивачи чекале на овој сон. Дента на мечот против Луцерн (2:1) цел Берн бил обоен во жолто и црно, улиците биле исполнети со навивачи. Се прашуваме што ли ќе биде на Енфилд Роуд после 30 години чекање шампионски пехар?