Таг: јанг бојс

Автогол за кој нема чаре ни со двајца голмани

Јанг Бојс го совлада Базел со 3:2, меч на кој гостите си постигнаа два автогола. Едниот е дело на Мохамед Драгер, кој од желба да ја расчисти во аут, душмански си ја заби во гол.

Без гајле момци, ќе ја шутирам директ во гол

Голејадата во Лига на шампиони се случи на мечот Јанг Бојс - Аталанта, конечни 3:3, а точка на мечот на 2 минути до крајот стави Луис Муриел. Многу мајсторски и штосно изведен слободен удар. Ем преку жив ѕид, ем ниска на гол линија, да тапне таму кај што не се брани.

Срамен пораз на Јунајтед во 95-та и нов гол на Роналдо

Кристијано Роналдо не успеа да му се израдува на голот во ЛШ, како во саботата против Њукасл, бидејќи си замина поразен од Швајцарија. Јанг Бојс им нанесе шок и се избори за целосен пресврт во финишот.

Што ли ќе биде на Енфилд ако Јанг Бојс славел вака?

После цели 32 сушни години, швајцарскиот клуб Јанг Бојс на 28 април 2018-та година ја освои титулата. Генерации и генерации навивачи чекале на овој сон. Дента на мечот против Луцерн (2:1) цел Берн бил обоен во жолто и црно, улиците биле исполнети со навивачи. Се прашуваме што ли ќе биде на Енфилд Роуд после 30 години чекање шампионски пехар?

Швајцарска тики-така во режија на Јанг Бојс

На мечот Сион - Јанг Бојс (3:4) во краток временски период паѓаа голови како дожд. Во 76’ минута при резултат 3:3, гостите прават акција ала Барса а егзекутор е Рожер Асале.

Е сега, имаш пример и холандски хумор

Феенорд од Ротердам играше против швајцарскиот клуб Јанг Бојс и мечот заврши 1:1. Од неодамна тренер на холандскиот тим е Дик (Dick) Адвокат, па навивачите на Феенорд невешто пробале да направат смешка на темата.

Потоп за фаворитите, Реал го доживеа најтешкиот пораз дома откако игра ЛШ

Во последното коло од ЛШ изгубија Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Рома и Јувентус, екипи кои обезбедија учество во следната рунда па можеа да си дозволат порази. „Кралевите“ декласирани дома од ЦСКА Москва.

Преубав гол на младинец на Јувентус во ЛШ

Николај Баден Фредриксен има 18 години и игра за младинците на Јувентус каде дојде во август годинава од данскиот Нордсјеланд. Игра во нападот и чека повик од Алегри макар во Купот на Италија.

„Мајсторе, па не сме во Фиорентина“

За време на мечот Јувентус - Јанг Бојс кој „Старата дама“ го доби 3:0, тренерот Алегри во еден момент му вришти на Бернардески: „Дај ја топката, гол ни треба. Ќе го сменам сега, не сме во Фиорентина овде“ со повторување на зборот cazzo кој во превод не можеме да кажеме што значи. Италијанскиот репрезентативец Бернардески од Фиорентина дојде во Јувентус.

Некаде недостиг од џоистици, во Швајцарија ги фрлаат на терен

Навивачи на неколку фудбалски тимови во Швајцарија минатиот викенд протестираа против тоа што некои клубови финансираат е-спорт екипи за видео игри. „Место да вложуваат овде во реален фудбал, они фрлаат пари на виртуелни видео игри“.

Погба направил 26 чекори додека извел пенал

Манчестер Јунатед со 0:3 против Јанг Бојс на гости ја отвори сезоната во Лига на шампиони. Пол Погба даде два гола од кои вториот од пенал беше „клај-клај“. За да го изведе му требаа 9 секунди и 26 чекори.

Цел свет зборува за прославата на Јанг Бојс

По 8 години во низа, во Швајцарија конечно тим кој не се вика Базел ја освои титулата. Се случи минатиот викенд, ама уште се зборува за тоа епско лудило кое беше споделено во дури 103 земји во светот.

Четири минути задоволство во ЛЕ

Групната фаза на Лига Европа заврши, се извлекоа двојките за нокаут рундата а нам ни преостана да се потсетиме на најубавите голови досега.

Првиот црнец што даде гол за Атлетик Билбао

Синоќешните натпревари од Лигата на Европа изобилуваа со голови, шанси, пенали, нереди и пантерски реакции на голманите. Ињаки Вилијамс стана првиот црн играч во историјата на Билбао што дал гол за баскискиот клуб.