Срамен пораз на Јунајтед во 95-та и нов гол на Роналдо

Кристијано Роналдо не успеа да му се израдува на голот во ЛШ, како во саботата против Њукасл, бидејќи си замина поразен од Швајцарија. Јанг Бојс им нанесе шок и се избори за целосен пресврт во финишот.

И покрај убавата енергија во клубот со враќањето Роналдо кој викендов направи фешта на Олд Трафорд големата и големата фаворитска улога, сепак Црвените Ѓаволи загубија од Јанг Бојс кој им направи пресврт и заслужено славеше со 2:1

Манчестер одигра очаен меч со два удари кон гол, што им се нема случено на последните 138 средби во ЛШ во последните 17 години, а згора на се во 35-та минута останаа и без играч помалку поради грдиот старт Ван Бисака.

Инаку стартот им беше одличен, бидејќи веќе во 13-та минута проработе португалската врска. Прекрасна асистенција на Бруно Фернандеш до Роналдо за 0:1.

Но домаќините потоа тотално доминираа и со головите на Нгамалеу во 66-та и Сиебачеу во 95-та се изборија за голема победа против фаворитот.

Седми пораз на Солскјер на 11 средби во ЛШ како тренер на Манчестер.

13 минута, 0:1

66 минута 1:1

95 минута 2:1

Црвениот картон на Бисака

14 септември 2021 - 22:09