На дербито Јанг Бојс - Базел во неделата, на стадионот „Стад де Свис“ во 15’ минута настана мал прекин затоа што домашните и гостинските навивачи фрлаа тениски топчиња и џоистици на терен во знак на протест. На трибината кај „Ултрас“, групата навивачи на актуелниот швајцарски шампион Јанг Бојс се открило и едно тифо со „шеталица“ со знакот за пауза.
@LeParisienSport @lequipe #EDS #EDE
— Meylan Jean-Pierre (@LuiGrenat) September 23, 2018
jets de balles de tennis😶 du kop des deux clubs sur le terrain lors du match de football Young-Boys-FC Bâle pour protester contre les eSport
...puis pluie de buts, jaunes aussi, 7-1 pour les Bernois, symbole de la passation de l'an dernier😜 pic.twitter.com/EdbFJSlXwy
И гостинските навивачи на Базел фрлале џоистици и извадиле банери против управите кои финасираат е-спортови (видео игри), тимови за турнири во видео играта FIFA итн.
Јанг Бојс е во фаза на основање на тим кој ќе се натпреварува во е-спорт, а Базел веќе некое време има официјален тим за кого одвојува значајни средства. Во моментов професионални играчи на турнирот во FIFA 18 пријавиле и спонзорирале: ПСЖ, Рома, Ривер Плејт, Валенсија, Лион и Ајакс.
На крајот од дербито во швајцарската лига, домашната екипа не беше нималку збунета од протестот и со историски 7-1 му го нанесе најтешкиот пораз на Базел во меѓусебните дуели откако се игра фудбал во Швајцарија.