Таг: џојстик

Џојстикот закочи во австралиска лига

На дуелот меѓу Мекартур и Вестерн Сиднеј Вондерерс кој заврши 2:2 гостите во 67' минута забагираа во напад пред домашниот голман Федеричи.

Чудно промашување по кое сигурно го рокаш џојстикот од земја

Нема шанси да е поинаку, бидејќи ова промашување се коси со логиката. Потоа моли дома да ти купат нов, па ти купуваат чкарт од пазар, па пак нервози и така.

Некаде недостиг од џоистици, во Швајцарија ги фрлаат на терен

Навивачи на неколку фудбалски тимови во Швајцарија минатиот викенд протестираа против тоа што некои клубови финансираат е-спорт екипи за видео игри. „Место да вложуваат овде во реален фудбал, они фрлаат пари на виртуелни видео игри“.

Она кога ќе ги утнеш копчињата на џојстик

Во Купот на Мексико, Монтереј со 3-2 го совлада Венадос, а вториот гол за гостите кој го даде Виљафана беше ист како кога на ФИФА или ПЕС ќе ги побркаш копчињата.

Шампионот на FIFA 2018 доаѓа од С. Арабија и ќе земе 250.000 долари

Преку 20 милиони учесници играле во квалификациите за Светското првенство во фудбалче на Sony Playstation 4 и XBox. Се наптреварувале 32 играчи, а шампионот од Саудиска Арабија победи во финалето и на PS4 и на XBox.

Кога на ПЕС шутираш пенал а сака да ти види

На 1-1 во ’90-та те фаулира и добиваш пенал, ама проблем е како да го изведеш а да не те види која страна ќе ја одбереш.