FIFA eWorld Cup е официјално Светско првенство кое годинава се играше во ултра модерната O2 Арена во Лондон.
По неверојатни средби во финалето се сретнале Мосад ’Мсдосари’ Алдосари од Саудиска Арабија и Стефано ’СтефаноПина’ Пина од Белгија.
Според правилата се игра еден натпревар на Сони Плејстејшн 4 и еден на Xbox. И на двата дуели Саудиецот славел со 2-0 и со вкупни 4-0 заслужено го кренал пехарот и ја освоил вредната награда од 250.000 долари која што ја доделува ФИФА со нејзините спонзори.
History.
— #FIFAeWorldCup (@FIFAeWorldCup) August 4, 2018
Congrats, @Msdossary7! #FIFAeWorldCup pic.twitter.com/4K2lX73JJg
Второпласираниот Пина од Белгија добил награда од 50.000 долари.Сите натпревари се пренесувале во преку 100 земји во светот а Fox Sports 1 го пренесувал финалето за аудиториумот во САД.
Еден од првите кои му честитаа на новиот светски првак е и доскорешниот германски репрезентативец и фудбалер на Арсенал, Месут Озил:
مبروك بالفوز لكأس العالم @FIFAeWorldCup #MSDossary
— Mesut Özil (@MesutOzil1088) August 6, 2018
Congrats on winning the #FIFAeWorldcup, #MSDossary.
Would have loved to congratulate you personally and handover the trophy. 🏆😎 I hope I can learn from you some day personally! 😃 Take care and enjoy your victory. pic.twitter.com/AZQWOElzl6
Притоа победникот добива и влезница за гала церемонијата Best FIFA Awards каде ќе има можност да се запознае со најдобрите фудбалери на светот. Шампионот од 2015 Абдулазиз Алшехри ги запознал Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Коментатори на финалето биле Леих Смит и Џон Стронг кои се и автентични коментатори за EA Sports видео игрите.
Хајлајтс од Мундијалот 2018:
Светското првенство во видео играта FIFA првпат се одржало во 2004 година во Швајцарија, а оттогаш до денес турнирот значајно пораснал. Од почетокот на ова Светско првенство, по две злата имаат Англија, Франција, Шпанија, Данска и Саудиска Арабија. По еднаш светскиот шампион доаѓал од Србија, Бразил, Холандија и Португалија.