Еден час и 16 минути не треба да ви претставува проблем за да го изгледате цело интервју од почеток до крај. Ние тоа радо го направивме и ги извадивме врвните моменти од емисијата број 489 на незаменливиот Бошко Трпевски со незаменливиот Ванчо Таковски.
Место куса новинарска најава од десетина секунди, Бошко го најавува гостинот споровозно во негов стил и тоа трае преку 2 минути. Тоа е Бошко стил, а емисијата му е број 489. Има тука богат мастрав со покоен бате Ване (1956-2013). Прво прочитајте тоа што извадивме, а потоа со помош на минутите може да одите директ на сите тие циркузи, кои не вреди ако не ги чуете од него.
96 пати му ги кинеле гумите на џипот, а исто и каблите од рефлекторите на стадион кои ги направил со парите од продажбата на Пандев и Стојков. Тврди дека ги продал во Интер за 1,1 милион марки.
Знаете само кој има поставено рефлектори во Македонија? Јосип Броз Тито и Ванчо Таковски. Годината е 2010-та, а Таковски гостува во улога на поранешен претседател на Беласица.
0:23
„Имам на едно место кажано. Сите други новинари ќе ги купам со по 10 ќебапи, а ти ќе ми ги изедеш ќебапите и пак маме ќе ми ебеш“.
2:15
Бате Ване: Младиот како е, Ѕинго џуниор?
Бошко: Дежурен е, еве го. Али малиот ги знае сите играчи, шпанско, англиско, а 7 години е и подобро ги изговара него овие. Бастијан Швајнштајгер, а овој што тропа глупости
6:45
Те замолувам Бошко, биди отворен, прашувај, провоцирај. На крај краева и не треба да ме прашуваш, подобро да земеш од Ѕинго јуниор еден селотејп, стави ми го на устата, пушти се што имаш и ќе видиш дека се што сум кажал, се така испаднало.
8:40 седница на одбор на прволигаши, каде се жали на судењето.
„И моите фудбалери викаат, па претседателе тоа на ништо не личи. Сè е против тебе. И со кој морал ќе играат? Топло – ладно, топло – ладно. Нишка бања – бања Банско, Нишка бања – бања Банско“
23:20
Бошко: Дали се местат натпревари?
Бате Ване: Од глуп човек нема ништо полошо. Нашите и кога местат, не знаат да местат. Како можеш да местиш резултат 4:2? И во кладилница се кладат на 4:2 резултат, бре. Абе баба Ванѓа, бог да ја просте да стане од гробот, не би погодила дека ќе е 4:2.
23:45 За сомнителниот меч Македонија – Ирска со снимка од управен одбор
46:20
„(За Харалампије) Него фудбалот не го интересира. Што го интересира повеќе? Да биде претседател. А што носи таа функција? Епа еве можеби е сега во јужноамериканската република. Како што носи бе Бошко? Абе тоа е најбогатата куќа. После Хари Костов, оној го знаеш, на која банка беше, на комерцијална банка, газда над газдите, овој е втор газда у кеш, кешовина“.
„Знаеш што е кеш Бошко? Не ми е, не ми е јасно. Ама не се прави мутав, како не ти е јасно? Со толку пари раководе, му текне, завчера отишол во Аустрија. Што ќе праве таму? Се скијал изгледа со Тиери Анри. Со боб, Харалампие во едниот боб, Анри во другиот“.
Бошко: Можеби со селекторот имале некаква врска?
Бате Ване: А кој ви е селектор сега не знам?
Бошко: Мислам дека Мирсад Јонуз.
Бате Ване: Бошко, извини, постои институција за мерење на коефициент на интелигенција на еден човек. Ако Мирсад Јонуз има коефициент на интелигенција повеќе од 70, дојди кажи ми. А селекторот треба да биде педагок над педагозите.
55:46
Бошко: Како ќе си отиде сега Харалампије, многу кривични пријави има?
Бате Ване: За кривичните пријави си има органи. Има една госпоѓа или госпоѓица, Горданче. Фина. Ако е ситна, ќе ја истера работата. Тоа женче на мене ми изгледа арссче??? Не трпи арамии таа, така ми изгледа на лице. Ги гони.
1:00:10
„Имаше спортска намена додека јас бев таму, но се тргнав бидејќи ми дојдоа преку глава. 96 пати гумите на џипот ми ги сечеа. Третиот ден откако падна ВМРО ДПМНЕ 2002 година, кабли ми сечеа. Ги продадов Стојков и Пандев и од тие пари ставив рефлектори. Во Македонија двајца имаат ставено рефлектори. Јосип Броз Тито и Ванчо Таковски“.
Бошко: Парите од Пандев и Стојков на која сметка одеа? Во Србија знаете што правеше Џаиќ.
Бате Ване: Епа лапал, лапал, зимал Џаиќ. Бате Ване градел.
1:01:10
Бошко: Дали бате Ване играл на резултат на Беласица и добил големи пари од Грција во обложувалница. Многумина мислат дека бате Ване земал големи пари и сега не смее да влезе таму.
Ванчо: И сега бате Ване и Бошко водат муабет од Хаити, така? На Хаити сме и од тие пари јас те имам однесено, од таму правиме разговор, а камерманите уживаат покрај оние хаиханките.
1:02:02
„Во Словенија изгубивме 7:2. Момците не растурија, не направија како бугарско собрание. Јас на моите им давав цевитана, толку имав, а тие со шприцеви се...“
1:03:03
Бошко: Знаеме дека генералниот секретар Лазе Митревски е во бегство...
Бате Ване: Е кај него имам добиено на спортска 1,2 милиони денари, ама не на Беласица, туку на Волендам од Холандија и Оксер од Франција и сите 1,2 милиони наместо на моите деца им ги дадов на играчите. Знаеш што е тутурутка? Во Штип оние што ги завиткуваат и семки што ставаат. Е таква тутурутка не се родила. Теле да се родеш, вол да умреш.
1:03:55
„Јас ги држев 400 деца да не се дрогираат, да не пушат, да не пијат. Двајцата Попови ако не бев јас, сега уште опинци ќе носеа или Пандев што, во Интер ќе отидеше? Бре, дрн дрн милојке. Јас го однесов, него кој, татко му келнерот да не го однесе“.
„Сакаш ли приказната да ти ја кажам? Еве вака. Јас прво кога станав претседател на Беласица си поставив задача да направам младинска фудбалска школа, а после ако ја биде првата екипа ја биде, колку ја биде толку. Направив пет и пол помошни игралишта со дренажа. Абе тие 400 деца да ги видиш како трчаат. Прво си поставив прашање, каде можам јас моите деца да ги покажам. Се распрашав и ми велат ако сакаш саем на фудбалери во Вијареџо. Одам таму, ги носам и сите трчаа по Ацо Стојков, кој Пандев, кој бакрачи, тоа е вистината. Дојде еден менаџер кој ми го бараше Ацо Стојков. Велам, нема проблем, милион марки. Ама многу е. Доаѓа пак и бара да му намалам. Еве ќе ти го дадам и Пандев, заедно двајцата за 1,1 милиони марки. Се јавува во Јувентус, Милан и на крај за 1,1 милиони марки во Интер“.
Бате Ване објаснува колку јазици зборува, а Бошко скаран со географија го прекинува на следниов начин.
Бошко: Ај да се вратиме повторно во Рим.
Бате Ване: Од Вијареџо одеме... Сопругата моја со Ацо Стојков стојат пред Миланската скала и пред неа Микеланџело, а јас и Пандев на кој му купувам маичка, друго, трето, бидејќи добро детето, младо дете, нема. И жена ми вика еј Микеланџело. Уствари не, Леонардо Да Винчи, не Микеланџело. Ацо Стојков вика е кој е тој? Сопругата го прашува, добро бе Ацо нели си слушнал за Мона Лиза? Вечерта ми вели, добро Ванчо што продаваш, за кого бараш милион марки? А јас и викам, не мора Леонардо Да Винчи да го знае, па ај Леонардо Да Винчи донеси го да игра фудбал.
Бонус: