Индијците на Светското 1950 сакале да играат боси, мечот Бразил - Уругвај го гледале 200.000 луѓе

Првиот пост-воен Мундијал, се одиграл во Бразил под многу необични околности. Многу земји немале ни репрезентации, а на некои не им се давале пари да летаат дури до таму.

Во летото 1950 во Бразил се играл првиот Мундијал после 12 години. Десетина репрезентации се откажале од учество на турнирот од разни и чудни причини.

Прво што ФИФА вовела идиотски правила, Индијците сакале да играат боси, Италијанците се плашеле да летаат со авион и сакале да тргнат по море, а англискиот печат после поразот на Англија од САД, напишале дека Англичаните победиле 10:1.

Тоа бил прво и единствено Светско првенство во кое шампионот не се одлучувал во финале, иако мечот меѓу Бразил и Уругвај, бил поголем од финале. Овој натпревар е познат како национална трагедија на Бразилците поради поразот и тишината на 200.000 гледачи на стадионот - рекордна посета до денешен ден на еден фудбалски меч.

ПРВО ПОСЛЕВОЕНО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, БРАЗИЛ ДИКТИРАЛ СВОИ УСЛОВИ, ФИФА СЕ СОГЛАСИЛА А МНОГУ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ СЕ ОТКАЖАЛЕ

Откако Мундијалите во 1942 и 1946 биле откажани поради Втората светска војна, ФИФА се обидела да го возобнови Светското првенство што е можно поскоро, дури и на штета на самото првенство (ништо поинаку не е ни денес).

Фудбалската инфраструктура во Европа лежела во руини, федерациите на многу земји одбиле какво било домаќиноство на Светско првенство, но и учество на него.

Тогаш раководните луѓе од ФИФА се обратиле до Бразил кој сакал да биде домаќин на Мундијалот 1942 а по одложувањето сакал и после во 1946. Бразилците прифатиле да се игра кај нив но поставиле неколку услови.

Најголем услов бил промена на форматот. Во финалната фаза требало да играат 16 репрезентации (а поради отказите играле само 13), па организаторите предложиле да се формираат четири групи и победниците од секоја група да одат во следна фаза и таму играат меѓу себе.

Од учество на Светско првенство 1950 некои репрезентации се откажале поради политички причини: СССР, Чехослобачка и Унгарија (за Унгарците кои во 1938-ма година биле финалисти играле Ференц Пушкаш, Шандор Кочиш, Нандор Хидегкути и други членови на таа „Златна репрезентација“).

Фудбалските федерации на Германија и Јапонија не функционирале зошто овие две земји биле пост-воено окупирани од сојузниците. Немале ни репрезентации.

Селекциите на Аргентина, Еквадор и Перу одбиле да играат поради конфликт со фудбалската федерација на Бразил, па без квалификации Јужна Америка ја претставувале Чиле, Боливија, Парагвај и Уругвај.

Австрија се откажала поради наводно неискуство на репрезентативците.

Најапсурден после причината за отказ на Индијците била гордоста. Британските репрезентации кои се приклучиле во ФИФА во 1946-ти години добиле две места директно во финалната фаза.

Пехарот би го добила репрезентација која ќе собере најмногу бодови во тие меѓусебни дуели.

Ова правило според Бразилците би придонело до повеќе натпревари, повеќе продадени билети и би се покриле расходите.

Но ФИФА не сакала радикално да го смени форматот и не се согласила на условите на Бразилците. Но кога од Бразил рекле дека ќе се откажат од домаќинство, тогаш новиот формат бил прифатен.

Освен тоа од ФИФА дозволиле и натпревари да се играат на уште не до крај изградената Маракана која што ја граделе 3.500 луѓе. Пред почеток на Светското на Маракана немало новинарска ложа и тоалети поради што постојано се ширела реа од урина од ходниците.

Многу репрезентации се откажале од учество на Светското 1950 поради високи трошоци за пат и сместување на фудбалерите во Бразил: се откажале Финска, Белгија, Турција, Филипини, Бурма, Португалија и Ирска кои добиле покани за учество откако претходно други репрезентации се откажале.

Французите прво прифатиле измена на форматот и дури и учествувале во ждрепката, но потоа решиле дека нема смисла да летаат до Бразил поради два меча (во групата 4 имало само три репрезентации) во градови оддалечени и по 3.000 километри еден од друг.

Исто после ждрепката на турнирот репрезентацијата на Индија поради скапите и далечни летови (иако ФИФА понудила да им покрие дел од трошоците), но и поради лоши подготовки се мислеле дали воопшто да тргнуваат.

На крај Индијците не отпатувале за Бразил затоа што им забраниле да играат боси. Капитенот на Индија Мана подоцна до крајот од животот го одрекувал тоа. 

Да се реши кои од четирите британски селекции ќе патуваат во Бразил, требал да одлучи Домашниот шампионат на Велика Британија - турнир кој се играл од 1884 до 1984 година. Англија го освоила првото место, Шкотска била втора.

Пред почеток на Светското, претседателот на Шкотската фудбалска асоцијација Џорџ Грам изјавил дека неговата репрезентација нема да оди на Светско 1954 ако заврши втора и си стоел на зборот и покрај тоа што го убедувале капитените на Англија и Шкотска Били Рајт и Џорџ Јанг.

Maracanazo

БРАЗИЛЦИТЕ ИГРАЛЕ СЛАБО СО ШВАЈЦАРИЈА, ЈА ПОБЕДИЛЕ ЈУГОСЛАЦИЈА, ПА ЈА РАСТУРИЛЕ ШВЕДСКА

Репрезентацијата на Бразил под водство на тренерот на најсилниот бразилски клуб од тоа време Васко да Гама, селекторот Флавио Коста, познат по жестокиот темперамент, била главен фаворит за пехарот.

Година дена претходно оваа селекција на Бразил ја освоила Копа Америка со дури 46 гола на 8 меча! Бразилците ги уништиле Еквадор 9:1, Боливија 10:1, Колумбија 5:0 и Уругвај (запамтете ги добро нив, 5:1).

Во групната фаза Бразилците изгубиле само од Парагвај ама после им се реванширале во финалето со 7:0.

Во составот на Бразил блескале напаѓачот на Васко да Гама Адемир, како и Жаир од Фламенго и шпицот на Интернасионал Тезоуриња.

ЗАИГРАЛЕ НЕВЕРОЈАТЕН НАПАЃАЧКИ ФУДБАЛ И ДАВАЛЕ ПО МИНИМУМ 4 ГОЛА, АМА...

На Мундијалот 1950 Бразилците стартувале со убедлива победа од 4:0 против Мексико, но 3 дена подоцна не ја совладале Швајцарија. На головите на легендата на Коринтијанс Балтазар и на фудбалерот на Алфредо одговорил најдобриот стрелец во историјата на на Сервет, Жак Фатон за 2-2.

Во 3. коло Бразил го чекала силната Југославија која за жал останала без капитенот Рајко Митиќ, 6-кратен шампион на Југославија и напаѓач на Црвена звезда, кој се повредил од една арматура на недоизградената Маракана.

Без својот лидер и капитен Југославија изгубила 2:0 и Бразил ја поминал групата.

Во финалната фаа, кариоките со страшни 7:1 ја демолирале Шведска, олимписки првак од 2 години претходно (четири гола им дал Адемир).

Скандинавците биле без своето величествено трио Гре-Но-Ли (фудбалерите на Милан Грен, Нордал и Линдхолм) зошто шведската федерација донела идиотско решение да не ги пушта во репрезнтацијата професионалните фудбалери - во нивната земја тогаш фудбалот бил полуаматерски.

Четири дена подоцна пред 150.000 гледачи Бразил со 6:1 ја растурил Шпанија за која играл легендарниот Телмо Сара. Адемир, Жаир и Балтазар, како и Шико, Зизињо и Фриас го предводеле еден од најдобрите напади во историјата на Светските првенства. 

Да се гледа оваа селекција бил празник на фудбалот со многу финти, дриблинзи, ножички, ролинзи, неверојатни додавања. На Светското 1950 Бразилците во просек давале по 3,5 гола. Сведоците од тој Мундијал раскажуваат дека Бразил до ден денес никого не растурал така надмоќно.

Фудбалската самба го покорила Светското.

УРУГВАЈ ЕДВАЈ ПОМИНАЛ ГРУПА, ПА НАПРАВИ СЕНЗАЦИЈА

Групата 4 од која пред Мундијалот се откажаа Шкотска и Франција, се состоела од две репрезентации - Уругвај и Боливија, номинално послаби репрезентации. Во таква ситуација во следна фаза одел само победникот.

Уругвајците предводени од Хуан Лопез, двократен шампион на земјата со Пењарол, победиле и отишле во главна фаза.

На стадионот „Индепенденсија“ имало 5.000 гледачи. Боливија примила 8 гола (шпицот на Пењарол Оскар Мигез постигнал хет-трик), великанот Хуан Алберто Скјафино дал два гола, а постигнале голови и Ернесто Видал, Хулио Перез и Алсидес Гиџи, главниот играч на Светското 1950 и идна ѕвезда на Рома.

Во финалната фаза Уругвај мака мачел против Шпанија и Шведска. Со првите одиграле 2:2 а со Швеѓаните едвај на крај победиле со 2:1 во финишот после пресврт.

Три дена подоцна се играле решавачки натпревари. Во Сао Пауло Шведска играла со Шпанија а во Рио де Жанеиро Бразилците се надевале дека лесно ќе се справат со Ургувај.

БРАЗИЛ ВЕЌЕ СЕ СПРЕМАЛ ЗА ТИТУЛА, ПРОСЛАВА И МЕДАЛИ, НАПИШАЛЕ И ПЕСНА

Подготовките за голем триумф на СП 1950 биле грандиозни. Весникот O Mundo утрото на денот на мечот излегла со насловна „Бразил светски шампион 1950!“.

Фудбалската федерација веќе снимила и победничка химна во самба стил. Кафулињата и рестораните по цел Бразил објавиле дека ќе честат алкохолни пијалаци за да се прослави победата.

Градоначалникот на Рио им се обратил на фудбалерите на неколку часа пред мечот и им кажал дека им честита како на шампиони.

УРУГВАЈЦИТЕ ОКО НЕ СКЛОПИЛЕ ПРЕД МЕЧОТ

Во финале пред финале против страшниот Бразил, Уругвајците воопшто не спиеле. Цел ден и цели ноќи навивачите пееле песни и ги навредувале ривалите пред нивниот хотел. 

Во соблекувална пред мечот кога селекторот Хуан Лопез завршил, на играчите им се обратил Обдулио Варела: „Хуансито е многу добар, но денес греши. Ако играме постојано одбрана против Бразил, ќе поминеме како Шпанија или Шведска“.

MARACANAZO Е ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО ИСТОРИЈАТА

Според официјалната статистика, на 16 јули 1950 година на Маракана се собрале 199.854 луѓе!

До денешен ден овој натпревар е најпосетен во историјата на фудбалот и кој било друг спорт.

Милиони луѓе слушале пренос на радио - тоа бил прв меч кој се пренесувал така широко. Меѓу 200.000 гледачи во толпата на стадионот имало и еден мало островче уругајвски навивачи кои не биле повеќе од 100 души.

53-годишниот Џорџ Ридер го судел мечот. Кога дал знак за старт, Бразилците одма тргнале во напад. Тие дале 13 гола на последните 2 меча и биле сигурни дека ќе ја разбијат одбраната на Уругвај. Но Уругвајците го издржале притисокот и дури успеале да го загрозат голот на Моасир Барбоза, најдобриот голман во историјата на Васко да Гама.

Уругвајскиот напад бил составен од брзите Скјафино, Гиџа и Варела, сите тројца фудбалери на Пењарол.

Хуан Лопез ги вадел играчите на тренинг два часа порано. Утрото на денот на мечот Обдулио Варела купил многу броеви од весникот O Mundo со фотографии од бразилските фудбалери и наслови дека тие се веќе шампиони.

Го распослал весникот на терен и побарал од другарите да го измочаат. „Ете им ние сме шампиони“.

Домаќините упатиле повеќе од 12 шута кон потивничкиот гол, но Роке Масполи бранел одлично. Сепак со голот на Фриаса во 47' минута Бразил дошол во водство и на Маракана настанал делириум.

Ама радоста траела 19 минути зошто Скјафино во 66' израмнил на 1-1 а Гиџа во 79' полеал студен туш на преполниот стадион и смрзнал скоро 200.000 луѓе!

На крајот конечни 2-1 за Уругвај.

Подоцна стрелецот на победничкиот гол Алсидес Гиџа рекол: „Само тројца луѓе ја замолкнале Маракана. Френк Синатра, Папата Римски и јас“.

Уругвај втор пат за 20 години станал светски шампион. Девет месеци после мечот, во оваа земја бил забележан беби-бум.

Маракана цела била во солзи. Претставниците на бразилската фудбалска асоцијација топло побарале од Варела да не ги разгорува страстите и да неа го крева пехарот високо над глава. Капитенот на Уругвај ги одбил.

Повеќе од 50 години подоцна Бразилците уште болно се сеќаваат на Мундијалот 1950: