Меѓу другите шеги од кариерата, Виери се присети и на оние со лудиот Тарибо Вест, стопер кој важеше за најекстравагантен лик во цела Серија А. Смени неколку клубови играше и за репрезентацијата на својата земја.
На крај стана пастор и основал црква во својата Нигерија.
„Ти не беше уште дојден. Се измочав од смеење. Една сабота сабајле, сите во круг, Липи ја кажува формацијата. И во еден момент, Тарибо со така груб глас како што имаше му вика: Мистер (Липи)? Кажи Тарибо, му одговара тренерот. Бог ми кажа дека морам да играм! Како што стоев, се струполив од смеење на земја. И мистер му вика: Чудно, мене не ми кажа ништо...“, му раскажа Бобо на Матераци кој се изнасмеа.