Offside

Ракометарите на Вардар со пораз ја стартуваа новата сезона во Лига на шампони. Актуелниот првак во Лига Европа славеше дома со 33:31. 

Арсенал го прегази Сити во првиот дуел без Пеп Гвардиола

Фудбалерите на Арсенал го освоија првиот трофеј во новата сезона откако со 3-0 го згромија Манчестер Сити во натпреварот за трофејот „Комјунити шилд“ во кој играат победникот на ФА Купот и Премиер лигата од минатата сезона. Во Кардиф на стадионот „Милениум“ стрелци на головите за топџиите беа: Рикардо Калафиори во 23-та секунда, Каи Хаверц во 28-ма и Мартин Едегор во 47-ма минута.

Душманско боксување на средношколски фудбалски меч

Малиот се вика Џексон Бергман, а настапува за средношколскиот американски тим Рапид Сити Централ. „Дајте му доживотна забрана за играње фудбал и викнете му полиција“, се главните пораки на социјалните мрежи, после ова целосно губење на контрола.

Нигериецот од кого Роналдињо учеше дриблинзи

Џеј-Џеј Окоча беше од оние незадолжителни играчи кои излегуваа на терен да играат за свој ќејф. Не го интересираше многу резултатот, ама кога ќе ја земеше топката правеше шоу какво што ретко се гледа. Бразилецот Роналдињо се начека со Окоча во ПСЖ а неколку пати подоцна изјави дека токму Нигериецот му бил идол.

Нејмар го дозна новото фудбалско правило - мораше на ладење 1 минута

Сантос игра во добра форма. Славеше 3-0 против Васко да Гама во бразилската Серија А, а овој дуел го одбележи новото фудбалско правило кое гласи: ако голман на една екипа побара медицинска помош, капитенот на тимот или кој било друг играч на истиот тим кога играта ќе продолжи, мора да го напушти теренот на една минута. Ова правило се донесе со цел да се спречат голманите „да глумат повреди“ со цел да „крадат“ време.

Пеналот на Бабунски во Струга

Актуелниот шампион на Македонија има лош старт. По елиминацијата во квалификациите од Конференциската лига од Лозана со петарда, бележи два порази во првите 3 кола од новата сезона. Вардар загуби дома од Шкендија, по што аргентинскиот стратег Фабијани доби отказ. Синоќа си замина поразен и од Струга со 1:0. Шансата за израмнување на Давид Бабунски од пенал изгледаше вака:

Вол волосан

Некој одбранбен фудбалер во бразилска четврта лига толку без осет ја рогнал топката без никаква потреба зошто веќе излегла далеку во гол-аут, што кога топката удрила во глава девојка која фотографирала крај теренот ја онесевестила па ѝ пружале помош.

Лажњак на колото

Во турската Суперлига, Амедспор го победил Ерзурмспор 3-0. Два гола дал Израелецот Саба а едниот погодок му е баш шмекерски.

Дуплантис, празно место од 15 см, па сите други

Само небото е граница за Мондо Дуплантис, човекот кој е претплатен на златни медали во скок со стап.

Нереален кош на Бугарија против Македонија

Бугарија ја совлада Македонија убедливо со 40 поени разлика (102 - 62) на Европското првенство од Б дивизијата за играчи до 16 години, на кое бевме домаќини. Ова ли е тоа на времето што го викавме „бугарски кош“?

Махачев по триумфот на УФЦ во САД: „Ние Русите сме бр.1 на светот“

На спектаклот УФЦ 330 кој се одржа во Филаделфија, Ислам Махачев го победи ирскиот борец Јан Мачадо Гари. После триумфот Русинот беше мошне емотивен. Тој славеше победа по едногласна одлука на судиите и го задржа шампионскиот појас. Махачев ја запиша 17-та победа по ред со што ја продолжи доминацијата на Русите во овој спорт.

ФИФА објави видео од камерата на судијата на големото финале на Светско

Финалето на Мундијал 2026 меѓу Шпанија и Аргентина (1:0) кое го реши Феран Торес (нов играч на ПСЖ) со гол во 106' минута од продолженијата, уште долго ќе се памети. А ФИФА сега на неколку недели по финалето објави видео од камерата на главниот судија.

Маестрален гол со ножички на фудбалер на Динамо Загреб

Динамо Загреб фуриозно ја почна новата сезона и веќе има 2/2 во домашното првенство и 3 победи во еврокуповите. Играат во баражот за пласман во Лига на шампиони против норвешки Бран. Синоќа против Рудеш славеа 4-0 а младиот центарфор Дион Дрена Бељо постигна два погодоци, еден од пенал и еден со ножички уште во 6' минута.

Најдобриот фудбалер на Светското, се вози со нискобуџетна компанија

Шпанецот Родри кој беше прогласен за најдобар фудбалер на светот во 2025-та година и кој беше избран за најдобар играч на Светското првенство 2026, бил сликан како чека во ред со останатиот народ за лет од Мадрид до Ливерпул со нискобуџетната компанија „Рајанер“. Интересно Родри пред неколку дена бил на планината Дурмитор во Црна Гора каде јавал коњи и спиел во тамошните катуни. Тој уште одамна важи за еден од најскромните фудбалери во Европа.

Патувале 5.800 километри 24 дена со кола, за да го бодрат Партизан

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Ковентри покажа како се претставува нов играч

Дваесет и девет годишниот Бразилец Густаво Хамер е старо-нов фудбалер на новиот премиерлигаш Ковентри. Доаѓа од Шефилд Јунајтед а претходно три сезони веќе беше во Ковентри. Кратко интервју, кој си, што си, каков си?

Неверојатно магична асистенција на Нејмар

Бразилски Сантос славеше 2-1 после пресврт против еквадорска Макара а пресвртот го креираше Нејмар со асистенција до некогашниот центарфор на Интер Габриел Барбоса во 44' минута. Во вториот дел Вилиан Арао донесе победа за Сантос кој следната недела ќе оди на реванш кај Макара во Еквадор.

Македонија, Србија и Словенија и официјално кандидати за Европско во ракомет!

По најавата на првиот човек на српскиот ракомет Божидар Ѓурковиќ, сега потврда стига и од претседателот на македонската ракометна федерација Александар Стефанов. Македонија, Србија и Словенија официјално поднеле кандидатура за домаќинство на ЕХФ ЕУРО 2034.

Детали од судењето: Марадона умирал во големи маки

Судењето по повод смртта на легендарниот Диего Марадона е продолжено во Аргентина, а ново сведочење на судскиот вештак донело потресни детаљи за последните денови и часови од животот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Лос Анџелес Лејкерс ќе бидат продадени за 12,5 милијарди долари

Само една година откако Марк Волтер го купи мнозинскиот пакет акции и стана сопственик на ЛА Лејкерс, сега Џош Кушнер, братот на зетот на Доналд Трамп Џаред Кушнер, и поранешниот извршен директор во Дизни Боб Игер го купуваат истиот пакет.

Меси првпат на терен по смртта на татко му

Лео Меси во средата напиша отворено писмо, збогување со татко му кој починал минатата сабота. Тој како никогаш претходно во кариерата емотивно и отворено не се обраќал како во таа објава. Синоќа неговиот Интер Мајами играше против Леон од Мексико и изгуби 3:2 во Лига Купот на Северна и Средна Америка.

Младиот Хрват Батурина ја шина одбраната на Арсенал

Комо е најголема сензација на италијанскиот фудбал. Екипа која во само неколку години од најнизок ранг стигна до Серија А па и до Лига на шампиони. За првпат во историјата ќе играат во елитното натпреварување. Имаат млада екипа, млад тренер (Фабрегас), а сопственици им се најбогатите Индонезијци во светот. Синоќа Комо играше пријателска против Арсенал на „Емирати“, мечот заврши 1-1 а голот за Италијанците кој го даде Мартин Батурина за 1:1 во 43' минута беше врвен.

Шпански олимпиец со скок на годината - пред помраченото Сонце

Познатиот шпански олимпиец во скејтборд Дани Леон направи интересен скок за време на затемнувањето на Сонцето. Тој скокна баш во моментот кога Месечината поминала пред Сонцето. За да добие совршена фотографија тој морал прецизно да го синхронизира скокот со реткиот астрономски феномен.

Реал Мадрид го победи Депортиво и доби пехар тежок 30 кила

Годинава во најдобрата шпанска Ла Лига се врати култниот Депортиво А Коруња (го сменија името од Ла Коруња). Овој симпатичен клуб носталгично не враќа на времето кога за нив со голем успех играа Диего Тристан, Рој Макај, Молина, Џалмиња и други. Синоќа на пријателски натпревар наречен „Тереза Ерера“ Реал Мадрид го совлада Депортиво на неговиот Риазор 0-1 со голот на Браим Дијаз во 45+1' минута.