Offside

Во ноември во Полска излегла биографијата на Роберт Левандовски во која имало многу интересни и еден несекојдневен детал - Барса барала од Роберт да не дава голови пред крај на сезоната 2022/2023 за да не мора да го плаќаат бонусот на Баерн Минхен.

Со Нејмар уште има самба

Не е престарен, во февруари полни 34, ама па и нема уште многу за играње. Сепак, и покрај тоа што како да го снема последниве години, има уште фудбал во него, кој го демонстрира на негов препознатлив начин, со потези за клип. Ова е од последната пресметка против Спорт Рекифе, која Сантос ја доби со 3:0.

Пеп Гвардиола на најјако

Прво 1-3 на полувреме, па после 1-5, за да на крајот Фулам и Манчестер Сити го завршат дуелот со победа на гостите со резултат 4:5. Ролеркостер каков што не се памети во Премиер лига. Девет гола. Пеп Гвардиола доаѓа на прес-конференција после натпреварот, нормално пресреќен и задоволен. „Што е момци, лудило а?“

Сите 100 гола на Халанд во Премиер лига

Ерлинг Халанд влезе во елитниот Клуб 100, полн со тешкаши како Ширер, Кејн, Агуеро, Анри, Салах, Овен, Руни, Ван Перси...Ама тоа го направи со најбрзо време, на 111 меча, рушејќи му го рекордот на Ширер. Премиер лигата ги смести неговите 100 гола во еден клип.

Германија има дефинитивно најјаки стадионски посети

Во Купот на Германија синоќа Ред Бул Лајпциг со 3-1 после пресврт го совлада второлигашот Магдебург кој прв поведе од пенал преку Силас Њака. Домашните победија со головите на Антонио Нуса во 19-та и Криштоф Баумгартнер во 29-та и 54-та. Муабетот ни беше да ги видите гостинските навивачи, 5.000 души допатувани 126 километри во правец или 252 километри до Лајпциг и назад по студено време. А таму имале несреќен случај односно еден навивач на Магдебург починал откако бил префрлен во болница во Лајпциг.

Што препишуваш на терен?

Во дербито на колото во германска втора Бундеслига, Херта во Берлин со 6-1 го растури Кајзерслаутерн. Во еден момент стрелецот на петтиот гол за Херта Берлин Давид Ковнацки ладно му зема еден лист на Марлон Ритер од рака кој му го пратил тренерот.

Мајсториите на Педро и Барселона за триумф во дербито со Атлетико

Во дербито на 19. коло Барселона го совлада Атлетико Мадрид 3-1 на „Камп Ноу“ и ја прекина неверојатната серија на гостите кои имаа дури 7 победи по ред во сите натпреварувања. Од тоа шест триумфи во Ла Лига. Барселона прва прими гол синоќа во 19' минута откако Алекс Баена го совлада голманот на Каталонците. Но пресвртот се најави во 26-та минута преку Рафиња а победата ја потврдија Дани Олмо во 65-та и Феран Торес во 90+7' минута.

Голгетерско шоу од 4:5 во Лондон, историски 100 гола на Халанд

Фулам и Манчестер Сити приредија спектакл на „Крејвен Котиџ“, кој го добија гостите со 4:5. Имаа 1:3 на полувреме, па 1:5, но Фулам загриза со три комада. Историска ноќ за Ерлинг Халанд, кој стана рекордер со најбрзи 100 гола во Премиер лига, постигнати за 111 меча. Ширер сега е втор со 100 гола за 124 меча. Норвешкиот напаѓач е 35-ти играч во елитниот Клуб 100.

Ромеро го спаси Тотенхем со ножички со цеваница во 95-та минута

Тотенхем се спаси од пораз на гостувањето против Њукасл, благодарение на спектакуларниот гол на капитенот Кристијан Ромеро во 95. минута. Аргентинецот прво го израмни резултатот во 78. минута на 1:1, а потоа и во финишот за конечни 2:2. 

Турско навивачко шоу со блескава кореографија

Фенербахче и Галатасарај ремизираа 1:1 во 14. коло од турското првенство. Ова меѓусебно дерби беше број 404 во нивната историја на сите натпреварувања. Фенербахче има 149 победи, Галатасарај 130, а 125 средби завршиле нерешено. Домашните навивачи му дадоа дополнителен шмек на мечот со моќна кореографија на цела трибина.

Јокиќ непредвидлив и во улога на плејмејкер

И да победува и да губи, за Јокиќ трипл-дабл учинокот е веќе нормала. Синоќа стигна број 11 оваа сезона, но сепак недоволно за победа на Денвер, кој загуби дома од Далас со 131:121. Србинот имаше 29 поени, 20 скока и 13 асистенции. Што сака си прави во напад, овој пад како плеј во неколку ситуации.

Најлудото соло на годината, 7 души ги изеде

Репрезентативецот на Алжир, Џауен Хаџам се претвори во Лео Меси. 23 годишниот лев бек на Јанг Бојс со овој продор ремек дело, сигурно ќе влезе во топ 10 кандидати за наредното издание на изборот за гол на годината на ФИФА. За годинава веќе листата е затворена и таа го опфаќа периодот 11 август 2024 - 2 август 2025.

Џеко на мегафон им се обрати на ултрасите, му се заканува суспензија

Фиорентина не знае да победи сезонава, има 6 нерешени и 7 порази и се наоѓа на претпоследно место со 6 бода, исто колку што има Верона. Навивачите го губат трпението, а Един Џеко ја презеде одговорноста и се реши за потег, кој е несекојдневен во фудбалот. Се обиде да ги смири навивачите, како и да побара помош и трпение. Според правилата на Серија А, можно е да биде казнет со еден меч суспензија и 20.000 евра, бидејќи на играчите им се забрането да се конфронтираат со навивачите.

Необична приказна: Викинг шампион на Норвешка после 34 години

Во неделата вечер заврши сезоната во норвешкиот фудбал каде календарски поради силните северни зими топката се тркала од март до крајот на ноември. Шампионска титула како најубава бајка освои клубот Викинг.

Го имаме ли најголемото промашување на сезоната во Серија А?

Кремонезе направи изненадување во 13. коло од Серија А. Ја доби Болоња на гости, која ако победеше, ќе се вмешаше на врвот. Филипо Терачано, има среќа што ова го направи при резултат 1:3.

Нови голови на 39-годишниот Варди во Италија

Кремонезе направи изненадување и со 1-3 ја совлада Болоња на гости на „Ренато Дал'Ара“. Двоен стрелец беше некогашниот најдобар фудбалер во Премиер лига и шампион со Лестер, Џејми Варди. На 39 години веќе има 4 гола во Серија А. Кремонезе е на солидно 11-то место, далеку од зоната за испаѓање.

Валентин, ти од чија си?

Нигериец по име Валентин Озорнвафор, кој игра за Септември Софија, ја има најнесреќната дефанзивна реакција на колото. Ја изигра како да е 12-ти играч на противничкиот тим Левски Софија.

Лобот на Нико Вилијамс кој лаже

Атлетик Билбао го совлада Леванте на гости 0:2. Нико Вилијамс го запечати конечниот резултат и успеа со еден потег да го измами и голманот, ама и сите нас кој му ја гледаме мајсторијата од овој агол.

Дали е ова најлошата НБА партија некогаш видена?

Американците, особено оние кои работат во НБА лигата се опседнати со сулуди статистички параметри, па често читаме како Лука Дончиќ е прв после 1966-та кој дал 30+ поени а да играл со шарени врвци на двете патики и слични тривии. Но овојпат еве еден интересен статистички податок. 

Држ се Дарко, те чека сезона број 25

Поранешниот македонски репрезентативец, Дарко Соколов, играч со долговечна кариера во мак баскетот и странство, имаше успешна операција на коленото. Му посакуваме брзо и лесно опоравување и се разбира кам бек.

Една убава сцена со голманот Едерсон и едно мало девојче

Додека стоел пред еден натпревар голманот на Фенербахче и бразилската репрезентација, Едерсон решил да си поигра со девојчето кое стоело пред капитенот Милан Шкриниар. Кога Словакот му кажал на Едерсон дека девојчето не слуша и дека е глуво, тој продолжил на знаковен јазик.

Нов намерен фаул над Дончиќ, му се внесе лице в лице

Неверојатниот Лука одигра уште една врвна партија, па по 35 коша и 11 асистенции против Далас Маверикс, само неколку часа подоцна постигна 34 коша со 11 асистенции против Њу Орлеанс Пеликанс за 14. победа на Лејкерс сезонава. Пред крајот на средбата гостинскиот кошаркар Џеремаја Фарас сосема непотребно направи многу груб фаул над Дончиќ и тоа после судиска свирка за фаул.

Дончиќ дошол со ѕвер вреден 5 милиони долари, па направил шоу

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја продолжија одличната победничка серија, стигнаа до 15-ти триумф од почеток на новата сезона. Синоќа со 133:121 го совладаа Њу Орлеанс Пеликанс. Лука Дончиќ претходно пред натпреварот со Далас Маверикс претходната вечер го покажал своето луксузно Бугати вредно пет милиони долари. На натпреварот со Пеликанс постигнал 35 поени, 5 скока и 11 асистенции.

Рио де Жанеиро славеше како никогаш, Фламенго е шампион во Копа Либертадорес

Во се-бразилско финале на Копа Либертадорес, Фламенго со 1-0 го совлада големиот ривал Палмеирас на стадионот „Монументал“ во Лима, Перу пред повеќе од 50.000 гледачи. Клубот од Рио де Жанеиро е прв од Бразил кој четири пати ја освоил јужно-американската Лига на шампиони. Индепендиенте од Аргентина има седум титули.