Offside

Севиља го скрши Вулверхемптон во финишот, Шахтјор убедлив

Се комплетираа четвртфиналните средби во Лига Европа откако вечерва Шахтјор му нанесе дебакл на Базел, а Севиља го реши мечот во 88-ма, откако Англичаните промашија пенал во прво. Полуфинале: Шахтјор vs Интер и Севиља vs Манчестер Јунајтед.

Легендарно фото на денот

Деновиве почна да кружи по нетов една многу јака фотка која според изгледот на фудбалерите изгледа дека е тазе, а всушност се работи за јули 2017-та. Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино организираше натпревар меѓу легендите во швајцарското градче Бриг каде што е роден.

Го одбив Пабло Ескобар кој сакаше да ме импресионира со виски во базен

На 85 годишна возраст во Белград почина српскиот стратег Владица Поповиќ со кој Панчев и Најдоски станаа светски прваци во 1991-ва. Од него се памти една јака анегдота по која добро што дочека длабока старост.

Екс играч на Зенит го направи бумбар судијата

Се работи за Роман Широков, поранешен репрезентативец на Русија за која има 57 настапи и 13 гола и кој беше дел од легендарниот состав на Зенит кој во 2008-ма година освои првенство, Супер куп на Русија, Куп на УЕФА и Супер Куп на УЕФА.

Интересна конверзација меѓу Солскјер и капитенот на Копенхаген кој од мал навива за Јунајтед

Данците синоќа беа жилав противник кој го измачија фаворитот 120 минути, а по крајот на средбата камерите снимија фудбалер на поразениот тим, кој и не е баш разочаран што Манчестер Јунајтед мина во следната фаза.

Ново свадбарско шоу на Мамиќ

Добро не е дека одлепи како кај син му на свадба, ама пак сака да е центар пажња, па имаше пеење, скокање и веење на знамето на Динамо Загреб, а на репортоар одеа „Кошуља плава“ и „За стара добра времена“.

Манчестер помина, ама сите зборуваат за дриблингот на Копенхаген

Црвените ѓаволи се пласираа во полуфиналето на ЛЕ со гол од пенал во продолженијата, но малку фалеше во последните 25 минути да бркаат негатива, откако играчот по име Расмус Фалк им направи беља во шеснаесетник и прати двајца играчи во Манчестер.

Манчестер Јунајтед се изнамачи 120 минути за пласман во полуфинале

По 90 минути игра во Келн на мечот Јунајтед - Копенхаген, падна само гол, оној на Гринвуд во 45 минута кој беше поништен поради офсајд. Мечот отиде во продолженија, а таму човек на одлука беше Бруно Фернандеш од пенал.

Интер е полуфиналист, Лукаку и Барела го решија Баер за шест минути

Фудбалерите на Интер се први полуфиналисти во Лига Европа откако со 2:1 го совладаа Баер Леверкузен во топ 8 фазата која се игра на неутрален терен во Германија без реванш. Лукаку стана прв играч со гол на девет меча по ред.

Шефе го легнав на земја ова тенков ама пак даде гол

Нема чаре со Ромелу Лукаку кога ќе науми да даде гол, а тој што ќе добие задача да го чува еден на еден, тешко него. Што физикус ќе беше ова.

Левандовски не е со сите

Оптоварени со тоа до каде одат и какви рекорди поставуваат Меси и Роналдо, подзабораваме по малку на Роберт Левандовски. Човекот кој шест сезони е константна гол машина во Баерн, шест сезони шампион и во пет од нив не е под 40 гола по сезона.

Нема милост кај Лука

Додека да ти спласнат импресиите од тоа како сам решава натпревар и остварува трипл дабл како од шала, ете ти нова блескава партија и нов трипл дабл, овој пат со рекордни 19 асистенции од кои една му е лудило и сите ја зборат, како и 36 поени и 14 скокови. Жртва Милвоки 136:132.

Вакво додавање Карлос немал во кариера

Велиме во кариера, затоа што ова не го направи во кариера, туку лани на хуманитарен натпревар. Еден од најдобрите бразилски бекови на сите времиња е спектакл за гледање и на 46 години.

Најпаметно одиграниот слободен удар во Австралија

Најочекуван потег би бил центар шут на глава, а најнеочекуван, обид директно во гол. Ниту едно од двете нема да се случи.

Мајкл Џонсон ја носи истата униформа од Олимпијадата 1996

Што е не може да го препознаете? Добро поминаа 24 години и брадата му е веќе обелена. Ама гледајте го тој атлетски физикус. Идентичен и на 28 и на 52 години.

Човекот кој се роди во офсајд

Од сите вчерашни роденденски честитки за Пипо Инзаги, инаку роден на 9 август 1973-та, ја издвојуваме оваа будалаштина.

Зоки треба и без акредитација да го пуштите на Градски

По половина век работа како спортски новинар и коментатор, Зоран Михајлов дочека да не го пуштат на стадион каде отишол да известува. Немал акредитација за мечот Вардар – Борец. Таа што им ја покажал од АИПС со која има влезено на Ел Класико не важела.

Коментар на Гатузо за назначувањето на Пирло во Јуве

Костакурта, Капело, Дел Пјеро, сите гости во очекување што ли ќе искоментира Џенаро на тоа што Пирло го назначија за нов тренер на Јувентус. Нема кај него дипломатски одговор, честито или слично, туку ваква реакција: Епа сега се заебал.

Магија на Нејмар на тренинг

И така Нејмар си поигра со топката и изведе чудесен потег, а Херера ја дувна со лева во гол. Штета ќе беше ако никој не го снимеше ова.

Факт на денот

Џиџи Буфон роден: 28 јануари 1978. Неговиот нов тренер во Јувентус, Андреа Пирло роден: 19 мај 1979.

Добро колку души се потребни за да го сопрат Меси?

Лео вечерва за седум минути му стегна два комада на Наполи. Вториот му го поништија со ВАР поради наводно играње со рака, а на првиот фалеше уште Гатузо да се обиде да му влезе со клизачи. Нема лимити за човеков.

Барса го реши Наполи за едно полувреме, дебакл на Челси

Барселона и Баерн се екипите кои ќе ги вкрстат копјата во четвртфиналето на ЛШ. Пет души не можеа да го сопрат Меси први вториот гол на мечот. Елиф Елмас го почувствува Камп Ноу во последните десетина минути. Баварците немилосрдни.

Да им заклучите 5-ка по физичко на крај на година

Децава не се од Европа или Бразил, ниту пак се сениори, туку средношколска екипа од САД, која да повториме, заслужува чиста 5-ка по физичко, без да треба да полага.