Offside

Срамни грешки на Варан, елиминација за Реал и сензација на Лион против Јуве

Два гиганти за кои само трофејот е успех, се простуваат уште во осминафиналињата во ЛШ кои завршија 2:1. Реал без Рамос беше хотел промаја во одбрана и прими два гола после недозволени киксови на Варан, а Јуве направи пресврт со двата гола на Роналдо, недоволни за топ 8.

Бернардески го испушти голот на сезоната во ЛШ

Лион го замрзна Јувентус стадиум со 0:1, а Роналдо од пенал израмни на 1:1, резултат со кој се отиде на пауза. Но Јувентус можеше да израмни порано, ако Бернардески го финишираше овој страшен соло продор во кој легна пола екипа со се голманот. Лео Меси ќе му честиташе ако ја дадеше.

Незаборавната ноќ за Вардар на Градски

Вардарци се сеќаваат и на Твитер потсетуваат, а ние со задоцнување од еден ден им го гледаме твитот кој не врати на тој историски 6 август 2003-та, кога сите патишта водеа накај Градскиот стадион во Скопје. Каков делириум беше тоа, само тој што беше знае.

Чувството кога знаеш дека се враќа ЛШ по пет месеци

Петок 21:00: Јувентус - Лион и Манчестер Сити - Реал Мадрид. Сабота 21:00: Барселона - Наполи и Баерн Минхен - Челси. Имате по два телевизори дома така?

Севиља не се сложи баш со генералната проба на семафорот

Шпанско италијанската пресметка од осминафиналето во Лига Европа се одигра на неутрален терен во Дуисбург. Германците го пробуваа семафорот дали е исправен и го впишаа резултатот 2:0. Да, го погодија, така заврши, ама не за Рома.

Чудесна контрола на топка во сред игра

Ова обично мајсторите го прават на тренинг или на уличен фристајл, ама на српскиот фудбалер Милош Нинковиќ кој настапува за Сиднеј му успеа во игра. Импресивна игра со врат, грб, рамо и образ.

Со вакво видео на Инстаграм, не стапнуваш ти повеќе во Англија

Беше член на клубови во Премиер лига, Серија А и Ла Лига, но со вакви јавно фалење со голотии си ја закопа кариерата во Европа на само 23 години.

Растур систем партија на Нани за финале во МЛС

Португалецот има 33 години и ја игра својата втора сезона за Орландо Сити, а според ова што го покажува, изгледа дека препрано се откажале европските клубови од него. Потезиве и головиве му се Кристијано Роналдо.

Забивање на Нуркиќ против џинот од Судан за на постер

Балканската НБА битка Нуркиќ vs Јокиќ ја доби Босанецот со победа на Портланд над Денвер од 125:115. Потегот на вечерта за кој сите зборуваат го направи токму Јусуф Нуркиќ кој го уништи в лице еден од највисоките центри, Бол Бол, висок 218 см. 

Во Борусија Дортмунд цвета стратегијата за скаутинг и профит

Ги викаат Милионери, а со оглед на тоа како работат ептен им стои прекарот, затоа што секогаш мислат како касата да им остане полна. Може да им ги купуваат најдобрите, ама не можат да им ја земат душата.

Првиот гол во кариерата на Бејл

На 17 април 2006-та на возраст од 16 години и 275 дена стана втор најмлад играч кој настапил за Саутемптон, после Тео Волкот кој беше постар 132 дена. Четири месеци подоцна, на 6 август со наполнети 17 години, го постигна првиот гол во кариерата во Чемпионшип пресметката против Дерби. Голот нема што да ви го опишуваме. За деби гол ова е живи радости, плус тинејџер.

Последното носталгично миланско дерби вредно трофеј

Август е месец кој потсетува на многу Супер куп соочувања, а едно такво се одигра токму на денешен ден пред 9 години. Протагонисти Интер и Милан во Пекинг со големи фудбалски имиња. Единствен кој и сега е во Милано? Ибра. Стрелец? Ибра. Man of the match? Ибра.

Што е со додавањево на Лејкерси?

Лос Анџелес Лејкерс загуби од Оклахома со 105:86, што е за нивни најмал број на постигнати поени од 2016-та. Леброн Џејмс постигна 19 поени, а најчудниот потег на мечот го направи Дени Грин кој во една контра подаде топка во празно.

За да ви биде појасно зошто Златан е тип топ на 38

За три месеци ќе наполни 39 и уште нема најави за пензија, а е напаѓач. На 18 средби во Серија А даде 10 гола, внесе живост во соблекувалната и го подигна нивото на Милан. Како ја одржува формата? Со вежби додека е на одмор, кој само што му почна. Годините му се само бројка.

И Лука е човек

Премногу му беше јака партијата против Сакраменто, па смешниов влез под кош остана некако незабележан. Ама тука е Шек кој го твитна за да го ремети, а Дончиќ пак го ретвитна и се изнасмеа.

Лукаку и Ериксен го однесоа Интер во Келн, Молина се посрамоти од белата точка

Интер, Манчестер Јунајтед, Шахтјор и Копенхаген се првите четвртфиналисти во Лига Европа. Најнеизвесно беше на Меаца каде гостите во 76-та утнаа пенал за 1:1, а во Доњецк финишот беше лудачки. Шахтјор ги наполни гостите со 3 комада од 89-та до 93-та.

Евроголот во ЛЕ го постигна ЛАСК против Манчестер

Момците на Солскјер имаа 0:5 од првиот осминафинален дуел и вечерва на Олд Трафорд реваншот беше само формална пресметка која ја добија со 2:1. Но резултатот го отворија гостите кои ќе ја паметат оваа убедлива елиминација од 7:1, поради единствениот нивен гол, дело на Филип Визингер.

Обично вакви изненадувања има само на фудбал

Но еднаш се случи и на снукер и тоа за време на меч на кој настапуваше најславниот снукер играч Рони О'Саливен.

Шаќири, сега ни кравјо кисело млеко не ти помага

Џердан Шаќири е на заслужен одмор после шампионската титула со Ливерпул во Премиер лига, ама сега нека не планира одмор, бидејќи едно три дена нема да спие на раат. Пече ова.

Џозеф уште го бара и Лука и баскетот

Од синоќешната маестрална партија на Дончиќ со историски трипл дабл, го издвојуваме потегов кој му го направи на Кори Џозеф. Го изгуби компасот човеков, а се изнасмеаа и коментаторите.

Слободен удар од 40 метри вреден 190 милиони евра

Фулам и Брентфорд го одиграа најскапиот меч на сезоната, вреден пласман во Премиер лига. Фудбалерите на Фулам го решија на спектакуларен начин, а Брентфорд излезе најголем лузер на островот.

Дончиќ е неприкосновен и стигна до историски 16-ти трипл дабл сезонава

Каде ли му е границата на овој човек? Има 21 година, а веќе е етаблиран во НБА како да ја брои својата десетта сезона. Ни паузи му влијаат, ниту ништо. Алфа и омега е во својот тим.

Сите 9 гола на Пандев сезонава во Серија А

Со 37 години ја одигра својата петта, а воедно и најефикасна и најдобра сезона за Џенова со 9 гола како прв клупски стрелец. Постигна повеќе голови од имиња како Инсиње и Игуаин. Без разлика на годините, Горан не се дава и најави уште една сезона во дресот на Џенова. Уживајте, особено во мајсторијата против Бреша и евроголот над Лече.