Паралелно со натпреварите од Лига на нации, само вечерва ќе се одиграат 18 пријателски натпревари меѓу кои има интересни двојки како на пример дербито Португалија – Шпанија, потоа Швајцарија – Хрватска, Германија – Турција и Холандија - Мексико.
Последна на програмата е средбата меѓу Франција и Украина закажана за 21:10 за која Андриј Шевченко како селектор има сериозни проблеми да го скрпи составот.
Проблемот е што дури осуммина играчи се покажале позитивни на Ковид 19, а дефицитот му е до толку голем што решил на список на играчи да го стави својот асистент.
Да, добро прочитавте асистент тренерот вечерва во Париз добива нова принудна улога на резервен голман, затоа што дури тројца голмани се заразени, а единствена опција му е 26 годишниот член на Динамо Киев, Георги Бушчан кој вечерва ќе дебитира за националниот дрес.
Негова алтернатива ќе биде голманската легенда Олександр Шовковски кој има 45 години и кој целата своја 24 годишна кариера му ја посвети на Динамо Киев со кои освои 14 домашни титули, а има 92 настапи за селекцијата на Украина.
Шева и не треба да биде многу загрижен ако му се повреди дебитантот затоа што Шовковски ја заврши кариерата во декември 2016-та, но е во добра физичка форма бидејќи постојано одржува индивидуални тренинзи.
Асистентот на Шевченко постои можност вечерва да биде и во прв состав, ако во случај Бушчан излезе позитивен на тестирањата закажани за во 16:00 часот.
Инаку прописите на УЕФА дозволуваат селекторите да вклучуваат дополнителни играчи, па дури и ако немаат професионален договор со клуб, се разбира ако се државјани на земјата.
Марко Балота лајкс дис?