Викаат дека Англија веќе го најде херојот на оваа сезона: 23-годишниот напаѓач на Евертон, Доминик Келверт-Луин за првите 4. кола од Премиер лига постигна 6 гола и до однесе тимот на прво место во Премиер. Доби прв повик во репрезентацијата на Англија, играше во прва постава против Велс и даде дебитантски гол. А потоа и ја доби наградата за играч на месец септември во Премиер лига.
Просто неверојатен учинок.
How it started How it’s going pic.twitter.com/oVAbvkXm6c
— Everton (@Everton) October 8, 2020
Келверт-Луин фудбалски пораснал во младинските категории на Шефилд Јунајтед, па премина во Евертон каде многу тешко се проби до првиот тим. Многумина сомневале во неговата ефикасност и општо во неговите квалитети само затоа што Келверт не е типичен англиски шпиц.
Инспириран од неверојатниот подем на син му, татко му Карлда Луин му напишал убаво писмо на Фејсбук:
„Памтам како не го викаа за У-16 репрезентацијата на турнирот Victory Shield, затоа што некои тренери и менаџери не веруваа во него. Морав да носам дома 6-годишно расплакано дете после неговата прва проба зошто беше многу срамежлив да игра. Кога падна, тој стана. Тука не смееш да седиш паднат долу во никој случај.
Одбивањето е често животен пат кој те насочува на каде да одиш. Ако долго се вртиш кај берберите, кога тогаш ќе те ишишаат.
Тревис Бинион (тренер на Доминик во младинците на Шефилд Јунајтед), Дејвис Ансворт (тренер на младинците и првиот тим на Евертон), Роналд Куман, Данкан Фергусон, Карло Анчелоти - фала ви на сите што верувавте во Доминик кога никој не веруваше во него.
Денес очите ми се насолзени со солзи радосници додека му се смеам на секој кој викаше дека нема да успее. Бамби на мраз го викавте. Бамби сега ги најде лизгалките.
Доминик Натаниел Келверт-Луин, стрелец на гол на деби за Англија и награден за тешките километри изодени. Вечерва ти припаѓа на тебе. Честитки сине. Те сакам и горд сум на тебе.
Самиот Доминик, најдобар стрелец во Премиер лигата во моментов, вели дека најдобриот совет во животот го добил од татко му:
„Често и зборуваше дека никогаш не знаеш кој го гледа мечот на кој играш, затоа против кој било противник давај се од себе до крај. Овој совет посебно ми помогна“.
Во март младиот англиски центарфор потпиша договор со Евертон до 2025 години а на потпишувањето дошле и мајка му и татко му.