Offside

Почна мундијалската драма во нокаут фазата. Бразил се изнамачи против Јапонија и ја елиминираше со пресврт 2:1. Сано даде гол за водство на Јапонија во 29 минута. Неизвесноста ја врати Каземиро во 56-та минута, а човек на одлука беше Габриеле Мартинели во длабокото судиско продолжение. Следен противник им е Норвешка или Брегот на Слоновата Коска.

Кога Хулио Иглесијас бранел за Реал Мадрид

Целиот свет го знае Хулио Иглесиас како еден од најпознатите шпански пејачи на сите времиња, но ретко кој знае дека Хулио го чувал голот на славниот Реал Мадрид.

Со цигара во рака не се станува Тоти

Николо Ѕаниоло важи за голем талент на Рома и во моментов е еден од најопасните млади напаѓачи во Италија. Но деновиве ја оплеска, а весниците го спружија на насловна. Во сред пандемија излегол во диско и тоа без маска, па уште и фатен со цигара.

Кога син му на Роналдо го запозна својот идол Меси

На една од бројните гала вечери и доделувања на Златна топка за најдобар играч на светот според ФИФА и Франс Фудбал, Кристијано Роналдо дојден со мајка му и син му. Во еден момент малиот го здогледува својот најголем идол и не му се верува што гледа. Сите стегнати и збунети.

Сме виделе, сме виделе, ама вакво промашување ретко

Во плејофот на американската МЛС, Портланд и Синсинати одиграа 1-1, па домаќините победија на пенали 5-3. А гостите сигурно нема да спијат неколку вечери и ќе го мислат промашувањето на Јирген Локадија кој прво го израмни резултатот во 81' минута па после имаше шанса на животот.

Ваков гол дававме ко деца во маало

Ќе ве изненади потегов од последното коло во португалското првенство и ќе ве врати на детството. Ова се правеше кога сакаш да се мајтапиш или да го нервираш противникот, а се случи на мечот Боависта - Рио Аве 0:2.

Каталонците сè почесто ги крштеваат децата Лео, второ најпопуларно име во цел регион

Најголемиот идол на целиот регион Каталонија е причина што сè повеќе парови се решаваат своето новороденче да го крстат по најголемиот фудбалер на сите времиња.

Шоу на Бане и другарите во метро, ама без пехарот

Фудбалерите на Зенит оставија зад себе плодна сезона со два пехари, куп и првенство, со тоа што оној од купот на Бане му падна од раце и му се скрши. Дел од забавата ја направија на нетипично место. Во метро.

Кривична пријава за Илчо Ѓорѓиоски и уште 25 лица за проневера од 2,4 милиони евра

За госпожа Олгица разбравме пред шест месеци, кога беше обелоденето дека со “плата“ од ФФМ купила кола за нејзе, сопругот и за синот кој студира во Италија, три пати годишно одела на одмор на скапи места, имала келнери на слава, а за матурска кај синот пеела Северина.

Што си ти, супермен?

Најјак сум во клас, најјак сум во генерација и најјак сум во школо. И тие од осмо ги тепав кога бев петто одделение.

Жоао Феликс за сè е прв во врска

Девојчево стварно ќе умре пред тебе, па дај препиши нешто и кај неа, не биди толку егоист. Уште да кажеше дека поубаво ти е сам да се масираш.

Легендарната реклама со Баџо за виски Џони Вокер

Роби по промашувањето на култниот пенал против Бразил и Тафарел во финалето на Светско првенство 1994, имал само една девиза: Keep walking.

Фергусон му честита на Клоп: „Ти простувам што ме разбуди во 3:30 да ми кажеш за титулата“

Јирген Клоп апсолутно заслужено собира индивидуални награди. Тој му донесе титула на Ливерпул чекана 30 години и е избран за тренер на годината во изборот на Здружението на тренери на Англија (LMA).

ФК Вардар мислат дека е “копиле“ на друга фамилија, а не знаат дека е нивното највредно чедо

Град Скопје има 49% акции во ФК Вардар и затоа како прав домаќин треба да се грижи за својот имот и да не дозволи тој да стане безвреден (финансиски).

На терен си заврши работа и одеше во живо на БиБиСи

Фудбалер од Ирска го изеде најголемиот срам кој мислевме дека се случува само во селските лиги. Го видоа, го снимија и го пренесоа директно на телевизија.

10 points goes to Vinica

Ај што убаво нè изненади веста дека Росоман (да, да, пазарот) од новата сезона ќе биде второлигаш, туку и Слога Виница изненади на гостувањето во Росоман.

Кинескиот Итар Пејо смисли како да даде гол од слободен

После 5 месеци пауза се врати фудбалот во Кина. Уште во 6' минута од мечот Тијанцин Теда - Шангај СИПГ домаќинот поведе по една итроштина на Ронг Хао кој шутираше буквално по земја под живиот ѕид и во стилот на Меси го изненади гостинскиот голман. Ама гостите кои важат за фаворити за титулата, на крајот направија пресврт и славеа со 1:3.

Патрис Евра му испеа песна на Јуве за титулата

Отраканиот Патрис Евра неколку пати кажа дека најомилен клуб во којшто играл со сигурност му е Јувентус, па сега искористи прилика да му го честита 9-то скудето по ред на шампионот на Италија со песна.

Трансфер на чешки фудбалер во Вест Хем ќе му донесе 2 милиони евра на четвртолигаш

Ако не сте слушнале за Слован од малото место Хавличкув Брод со 23.723 жители во Чешка не е страшно. Се работи за клуб од четврта лига на оваа земја којшто летово заработи 2,1 милион евра - повеќе пари од дури 15 од вкупно 16 суперлигаши во Чешка.

Слободните на Маунт како дете и сега како ѕвезда на Челси

Откако Лампард го врати во Челси од Дерби Каунти, Мејсон Маунт стана неизоставен дел од првата постава на сините. Главен играч во организација на нападите и мајстор за слободни удари кој го внесе својот тим во Лига на шампиони. Некогаш и сега.

А го видовте ли Пепе Реина колку се отвори?

Член е на Милан, а во Астон Вила брани на позајмица од почетокот на годинава. Со Шпанија е светски и европски првак, а за опстанокот на Вила се радуваше како кога ќе те пуштат твоите за прв пат на екскурзија.

Приказна за тоа зошто Каљари и клубовите од Корзика имаат симбол со црн лик

Еден од најголемите трендови летово, особено во САД беше преоценка на симболите кои може да се сметаат за расистички. Американски франшизи почнаа да размислуваат за преименување и менување на грбот. Ама за тоа не сакаат да слушнат на Корзика и на Сардинија каде со векови има експлицитна хералдика.

Од кошаркарска легенда до разнесувач на храна

Не е секоја спортска кариера гаранција дека после 15 години играње, потоа следува пензија на 35 и ладење цел живот. На пет европски првенства има играно човеков и е рекордер по број на репрезентативни настапи во својата земја, а сега носи гајби за да опстане.

Лучано Спалети, 421 ден без работа

Последно го тренираше Интер (2017-2019), освои ништо и сега од досада сними крајно неинтересен и нетипичен клип за тренер од Серија А. Како да е инфлуенсерка.

Англиска и италијанска култура на славје во соблекувална

Ова се денови кога едни се прскаат со шампионски шампањ, други плачат што испаднале, трети се радуваат што останале во лига, а четврти што влегле. За третиве и четвртиве нешто