Херојската партија Тричко ја одигра на мечот против Ермис кој АЕК Ларнака го доби со 3:1 со пресврт за кој се погрижи нашиот фудбалер. Гостите поведоа во 19-та минута, но Трично одговори со два брзи гола во 23-та и 29-та минута, а конечниот резултат го постави на крај на прво.
Со овие три погодоци тој стигна до фантастична бројка од 101 во кипарскиот шампионат каде настапува од 2009-та со пауза од три години. На конто има 8 гола за Енозис, 17 за АПОЕЛ и 75 за АЕК каде е член од 2016-та.
Со оваа победа АЕК ја прекина серијата од пет натпревари без победа и сега е петти на табела. Тричковски и Даниел Мојсов го одиграа цел меч, а Стефан Спировски влезе во 67-ма минута.
„Не е лесно да се дадат 101 гол, но многу сум горд на овие бројки, зашто се остварени со напорна работа. Вакво нешто бара многу посветеност и работа, но без соиграчите е тешко да се оствари. Сепак фудбалот е тимски спорт и јас им благодарам за сѐ. Но, нема да запрам тука, ќе продолжам да давам голови, вели Тричковски.
Одлични настапи Тричко имаше и минатата сезона која ја заврши со 20 гола и покрај тоа што пропуштате натпревари поради повреди.