Синоќа имаше неколку интересни борби во разни категории, а врвот на вечерта беше очекуваниот дуел Поирие - Мекгрегор. Конор по трет пат се врати од пензија за овој реванш со Американецот.
Пред 2.000 гледачи на новата „Етихад Арена“во Абу Даби која има капацитет од 18.000 места, дуелот заврши така што во 2:32 минута од втората рунда Поирие го нокаутираше Ирецот.
Full sequence of Dustin Poirier’s knockout of Connor McGregor #UFC257 pic.twitter.com/E3GXoSPFxc
— George Balekji (@GeorgeBalekji) January 24, 2021
Од почетокот на борбата, во првата рунда Конор Мекгрегор напаѓаше поагресивно со голем број директи, а Дастин покажа дел од репертоарот: едно рушење и транзиција во клинч.
Подоцна Американецот реши да продолжи со надворешни лоу-кикови, а Конор влезе во серија промашувања и како да подизгуби рамнотежа во средината од втората рунда.
Тој момент го искористи Поирие и со одлично кроше го урна на земја, па продолжи да го удира додека судијата Херб Дин не стави крај на мечот.
Dustin Porier wins by TKO Conor McGregor in 2 round #UFC257 pic.twitter.com/RF8p1Lcg4a
— DIAMOND 💎 #UFC257 (@BatmanBoxing) January 24, 2021
Фантастична борба и голема победа за Дастин Поирие кој сега би можел да атакува на шампионски појас.
„Разочаран сум, тешко е да се проголта. Се чувствувам појак од него, ама неговите удари со нозеа беа добри. Ногата ми е повредена, никогаш не сум претрпел такви лоу-кикови и не ми беше комфорно како што требаше да биде. Нема оправдувања. Ова беше фантастично издание на Дастин. Мора да го заборавам ова и да се вратам пак“, изјави Конор кој од хотелот после борбата излегол со една штака.
Поирие вели дека Мекгрегор ја добил психолошката борба пред нивниот прв меч во октагонот во септември 2014-та кога Ирецот победи после само 106 секунди борба.
Тој триумф го вивна Конор во светска слава. Стана светски шампион и стекна прилика да се проба со Флојд Мејведер во еден од најскапо платените натпревари во историјата, во 2017-та година кога Флојд лесно го патосираше Конор кој не е боксер.
Поирие од друга страна мораше постепено да го гради својот пат назад до врвот, сега има само 2 порази на 13 претходни борби.
Конор не беше активен од 2018-та кога изгуби од Хабиб Нурмагомедов, а се врати минатиот јануари кога за само 40 секунди го победи Доналд „Каубој“ Чероне.
За разлика од претходните борби кога вербално ги напаѓаше противниците пред дуелите, овојпат Конор беше пристоен и дури донирал 500.000 долари за хуманитарната организација на Поирие кој му подарил шишенце од својот брендиран сос.
Следен предизвик за Конор би можел да биде бокс меч со Мани Пакијао кој пред мечот му посака среќа и го предизвика.
Good luck tonight Conor! Let’s make 2021 the best year ever for fight fans. #UFC257
— Manny Pacquiao (@MannyPacquiao) January 24, 2021