Со тешки маки Барса во продолженија ја совлада анонимната Корнеља во шпанскиот Куп 0:2. Каталонците во 90 минути не можеа да дадат гол против третолигаш и промашија два пенали.
По 42-годишниот голман на Алкојано кој се прослави со победа над Реал Мадрид, синоќа уште еден голман блесна и тоа во дуел против Барса. 21-годишниот голман на Корнеља Рамон Хуан Рамирез одбрани 2 пенали против гигантот за кого играа Гризман, Брајтвајт, Пјаниќ, Дембеле, Тринкао, Ленгле.
Прво во 38' минута Алберт Естелес го фаулираше стоперот на Барса Араухо и гостите добија пенал. Топката ја намести Миралем Пјаниќ:
Интересно, во 80' минута пред крајот од мечот при резултат 0-0, Пол Морено на идентичен начин го фаулираше стоперот Ленгле со нога во лице и Барса заслужено доби втор пенал.
Топката овој пат ја намести Усман Дембеле:
Барса се мачеше дури во продолженија против третолигашот и конечно Дембеле во 90+2' минута го скрши отпорот:
Конечните 0-2 ги постави Брајтвајт по една контра во 120' минута и Барселона едвај се провлече до 1/8 финале на Купот:
Јунак на мечот беше голманот на Корнелиа, 21-годишниот Рамирез Хуан кој од 12 години е во овој клуб и ги поминал сите категории.
Корнеља има трета најдобра младинска школа во цела Каталонија. Интересно, овој третолигаш има договор за соработка со англиски Бирмингем, а обично зема млади таленти од Барселона кои се развиваат во трета лига.
Голманот Рамон Хуан е заменик капитен на Корнеља. Против Барселона играше во шлем (потсеќаше на Петр Чех) поради повреда здобиена на тренинг.
Пред најголемиот меч во неговата досегашна кариера, Рамос дал интервју за Марка и другите шпански медиуми и немал никаков шлем на глава, дури пред мечот го бандажирале.
Рамирез се прослави со два одбранети пенали против гигантот. Жал му е само што не играле Меси и Тер Штеген за кого Рамос вели дека е еден од најдобрите на светот. После мечот дури и добил дрес на поклон од Тер Штеген.
„Порано идол ми беше Касиљас, но сега сфаќам дека треба да следам многу голмани. Облак е најдобар, но Тер Штеген е еден од најсовршените голмани на светот: игра со нозе, има брзи реакции, паради. Го упростува тоа што е сложено“, рекол Рамос.
Барселона сега има отворен до финале затоа што од Копа дел Реј испаднаа Атлетико и Реал Мадрид.
Но тимот на Куман одигра трет меч со 120+ минути во само 8 дена. Такво нешто се случува првпат во историјата на Барселона. А веќе во недела ги чека гостување кај Елче во Ла Лига.