Offside

На 22-ри август запончнува Вуелта Шпанија (La Vuelta a España), една од трите најголеми Гранд трки во велосипедскиот спорт заедно со Тур де Франс и Џиро д'Италија.

Одбрана на колото на ракометното Европско за жени

Откако Норвешка се откажа, Данска го презема домаќинството за женскиот ракометен собир. Веќе се одиграа 2 кола, а најголемо изненадување е Хрватска која како аутсајдер запиша 2 победи и тоа една над светскиот шампион Холандија. Потегот на колото го имаше хрватска голманка Теа Пијевиќ.

Стадиони именувани во чест на фудбалски легенди

Со апсолутна почит за нашата најголема пеачка икона, но националната Арена во Скопје би требало да го понесе името на човекот кој е најголем спортски амбасадор на земјава. Додека сè уште беа активни играчи, стадиони во нивна чест добија Дидие Дрогба, Фернандо Торес и многу други.

Варди, што ти е криво знаменцето?

Роден и пораснат во Шефилд, во фамилија која религиозно навива за Венздеј. Така и Џејми цел живот во срце го носи Шефилд Венздеј. Па замислете како се чуствувал кога даде гол против главниот ривал Шефилд Јунајтед и тоа за победа на Лестер во 90-та минута.

Ни на ГУЦ не проаѓаше ваков чалам

Се вика Силас Вамангитука, има 21 година и изгледа треба да јаде заушки за да сфати дека ова не е Конго, туку Бундеслига. Фино што му донесе гостински триумф на Штутгарт над Вердер Бремен со два гола, ама сите го зборат за гестов поради кој доби жолт картон за неспортско однесување.

Видео кое ја доловува мизеријата на Арсенал

Микел Артета никако да ги склопи коцките во Арсенал и од коло во коло неговиот тим изгледа како просечна екипа која во моментов после поразот од Тотенхем е на 15. место. Против Спарс вториот гол го примија така што Парти повреден бараше измена а Артета го избутка да спречи контра. Во истата акција Кејн зголеми на 2-0.

Гол на Јаховиќ после опасна асистенција на Подолски

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Адис Јаховиќ со славниот германски напаѓач Лукас Подолски беа добитна комбинација викендов за победа на Анталијаспор над Анкарагучу од 1:0. Поранешата ѕвезда на Баерн и Арсенал му сервираше пас за сите пари на нашиов.

Чекаа 9 месеци и дочекаа, во Премиер лига одново публика на стадионите

Тотенхем победи во дербито на Северен Лондон против Арсенал и се врати на првото место на табелата, но главен настан во англискиот фудбал беше враќањето на навивачите.

Мајсторе, ти би погодил и 7-ца на лото

Некогаш славниот Крузеиро кој низ историјата освојуваше 2 пати Копа Либертадорес и е повеќекратен шампион на Бразил, сега игра во втора лига. Ги води Луис Фелипе Сколари. Синоќа со 4-1 го победија Бразил де Пелотас, а на тој меч падна и голот на колото. Стрелец Рафаел Собис.

Како после да кажеш Солскјер нема среќа

Вест Хем води 1-0 против Манчестер Јунајтед и во 40' минута од мечот напаѓачот Себастијан Халер има шанса да ги нокаутира „црвените ѓаволи“. Прави маестрално сè што треба и кога треба да зголеми на 2-0, се лизга на теренот.

Навивачите на Милвол против клекнување на колено за БЛМ

Во англискиот фудбал и натаму пред секој меч, во знак на борбата против расизмот, се клекнува на едно колено, како симболот на акцијата Black Lives Matter, ама не секаде е добро прифатен овој гест. По враќањето на навивачите на стадион, оние на Милвол протестираа против клекнување.

Аплауз на редарите за секој навивач на Арсенал

Кам бекот на англиските навивачи на трибините беше доживеан како спектакл на островот. Први ја имаа таа привилегија оние на Арсенал кои во редуцирана бројка од 2.000 ги бодреа на меч од ЛЕ. На социјалните мрежи споделуваа видеа од влезот и велат дека секој од нив добил аплауз.

Се огласи бегалецот Мамињо по големиот успех на Динамо

Неприкосновениот хрватски шампион по којзнае кој пат во последните неколку сезони игра сјајна улога во еврокуповите. Овојпат се први во својата група во Лига Европа и после 5 одиграни меча не примија ниеден гол. За таквиот учинок гордо се испрси Здравко Мамиќ.

Динамо Загреб со посебно видео му честиташе на рекордерот Адеми

Внимавајте добро на коментарите на навивачите за да сфатите какво играчиште има Македонија во среден ред: „Треба да му подигнат споменик“, „Териер фајтер со срце“, „Ќе се зборува за него и по 50 години.

По девет месеци навивачкиот декор се врати во Англија

И покрај тоа што веќе како да се навикнавме, вистината е дека апсолутно не се навикнавме. Фудбал без навивачи го нема истиот драж, па и кога гледа човек дома сам. Друго е со нив кога ќе запеат и кога ќе згрмат на гол.

Другар Ротердам е тоа, не Вимблдон

Динамо Загреб синоќа му гостуваше на Феенорд кој го доби со 0:2, а камерите уловија една несекојдневна ситуација пред мечот кога соиграч на Адеми ја проба тревата глумејќи го Ѓоковиќ.

Грожан се сретна со луѓето кои му спасија живот

Пилотот на „Хаас“, Роман Грожан го посетил меѓународниот аеродром во Бахреин каде се сретнал со луѓето кој му спасија жива глава во страшната хаварија минатиот викенд.

Нејмар како дете случајно во автобус се запознал со Марадона

Фудбалскиот свет и натаму се простува со Диего Армандо Марадона кој почина пред девет дена. За најголемиот зборуваат и денешните, современи ѕвезди на фудбалот.

Како Џаро средил да има пренос од Звезда во Куп на УЕФА

Во контекст на синоќешниот настап на Црвена Звезда против Хофенхајм, имаме јака случка со Џаро во истото натпреварување, ама кога играле против друг германски претставник. Тоа се тие југословенски финти.

Аукција за предметите на Марадона, највредниот дрес чуван во музеј

Во среда на 9. декември во 14:30 ќе се одржи една од неколкуте аукции со вредни предмети од Марадона и Пеле. Интересот е огромен, неговиот дрес од мечот со „Божја рака“ проценет на 2 милиони долари но сопственикот не би го продавал.

Кајакарска битка на мал простор во мирни води

Пољаците измислија нов спорт, нешто како буткање на рака. Ако можело на Олимпијада некогаш да има тегнење со јаже, зошто да не помине и оваа дисциплина?

Осумте јубилејни голови на Роналдо

Интересна компилација на Кристијано во која може да ги видите головите број 1, 100, 200, 300, 400, 500, 600, 700 и 750 од неговата кариера. Има 648 за клуб и 102 за репрезентација. Пред него има само тројца подобри во историјата: Пеле 767, Ромарио 772 и Жозеф Бикан 805.

Ко ист кројач да ги пуштил на терен во Копа Либертадорес

Гремио се пласираше во 1/4 финале на Копа Либертадорес откако со 2-0 го совлада Гуарани од Парагвај дома и со вкупни 4-0 оди понатаму. Интересно мечот доцнеше зошто двата тима излегоа во многу идентични дресови.

Најболен гол на вечерта во Лига Европа

На „Ајброкс“ Стивен Џерард и Ренџерс запишаа уште една победа во Лига Европа, овојпат против Стандард Лиеж 3:2, а мечот ќе се памети по една болна сцена. Гостинскиот фудбалер, Хрватот Дује Чоп во 40' минута зголеми на 1-2 ама во ист момент жестоко се удри во стативата. Брзо го извадија од игра поради повреда.

Динамит левица на детето на Рома, му го посвети евроголот на Де Роси

Рикардо Калафиори има само 18 години а веќе се промовира во стандарден лев бек на Рома. Наскоро треба да дебитира и за Италија на Манчини и ништо чудно да го гледаме на Евро догодина. Малиот има левица како ракета.