Актуелниот шампион на Македонија во футсал го совлада на гости Железарец со 0:5, а играч на мечот по кој знае кој пат беше Зоран Левески со хет-трик за Шкупи.
Среќа што пуштаат барем камермани по саливе, инаку многу ќе пропуштевме. Ги имаме сите три гола од Левески, еден од нив е од гол на гол, ама посебен за издвојување е велемајсторскиот со лоб.
Во игра на еден на еден, Зоте трпеливо води топка и наеднаш ја потпокува. Голманот е во бунило и останува укочен како споменик.
Хет-трикот против својот поранешен клуб со кој освои 7 првенствени титули.
Нема крај од коментари на Фејсбук за 37 годишниот Левески кој како ветеран лекции држи за футсал, а пред неполн месец постигна 15 гола против Кратово, да 15 во рекордниот триумф на Шкупи од 37:0.
На денешен ден пред 23 години, Тоти vs Буфон.