Кратовчани, на дистанца да не игравте?

Футсал шампионатот во Македонија синоќа дочека нов рекорд, а тоа е победа од 37:0. Жртвата е тимот на Кратово, а безмилосниот победник е Шкупи. Зоран Левески броеше до 15.

Актуелниот шампион Шкупи испиша нова историја стигнувајќи до луда победа во македонското првенство во футсал од 37:0. Тоа е нов рекорд кој му го срушија на Гемиџии од Велес кој имаат запишано триумф од 34:0.

Сигурно е многу тешко да се доживее ваков дебакл ба кој за среќа поразените Кратовчани нема да можат да се потсетат, бидејќи хајлајтс од мечот на интернет нема или барем ние не најдовме, освен еден тв прилог со инсерти од друг меч.

Инаку творец на триумфот е искусниот и неуморниот Зоран Левески кој успеа да постигне 15 голови и со тоа стана најефикасен стрелец на еден футсал меч во Македонија.

Икона за мал фудбал, македонски Малдини гласи еден од коментарите за Левески, кој инаку е рекордер со 138 настапи за македонската футсал репрезентација.

Левески и на 37 години е на врвот на македонскиот футсал и од 2003-та нема една сезона без медал. Брои вкупно 12 првенствени титули од кои 11 во Македонија, а има и меѓународно искуство во Србија, Романија и Либан.

Тој е првиот Македонец кој заиграл и го освоил третото место во Азиската футсал Лига на шампиони.

ЗОТЕ БЕ ШТО СТОРИ СО ВОЛЕЈОВ?

И ОД МНОГУ ДРЖЕЊЕ ДИСТАНЦА НЕ Е НА АРНО, 37:0 СЕ ГУБИ

4 март 2021 - 12:22