Добар твит за испадот на Нестор

Илија Несторовски ја утна со прославата на голот и свесно пцуеше во камера по што уште повеќе го навлече гневот на јавноста која го критикуваше за утките против Романија. Тој тврди дека навредата била упатена кон тројца, ама па сега што е со втората пцовка и кои се клошарите?

Македонската јавност е бесна поради реакцијата на Нестор кој по постигнувањето на голот за 5:0 истресе пред камера: Пичка ви матер. Навреда за која се вади на Инстаграм дека била немената за тројца луѓе кои му се заканувале.

И додека уште не се стивнати реакциите по социјалните мрежи, ете и нова пцовка каде може да се чуе следново:

„Нестор, зошто?“, прашање најверојатно поставено од некој од соиграчите, на што тој возвраќа: „Не бе, не знам јас, овие клошариве знаат, да му ебам мајката“.

И сега кои се клошарите?

Како професионален фудбалер кој игра во Серија А и претставува држава, Нестор не смее да си дозволи вака да се бламира. Најадекватно е да ги демантира критичарите со голови, а и тие тројца за кои тврди дека му вреѓале фамилија.

Вака високата победа од 5:0 падна во втор план.

29 март 2021 - 10:05