Offside

На Светско одиш да победиш и да се докажеш колку што можеш повеќе. Но што ако поразот е подобар резултат? За него во моментов размислуваат Австрија и Алжир.

Нов договор за најстариот фудбалер на светот

Неуништивиот Јапонец Казујоши Мијура е тема на денот во светот на фудбалот, откако на 53-години потпишал нов договор со Јокохама и уште ќе игра во најдобрата јапонска Џеј-лига.

Бејл му даде жолт на Деле Али за глума

Забавно беше синоќа на клупата на Тотенхем, особено кога Деле Али направи колут назад, а потоа стана и ја додаде ко ништо да не било.

Милан се потсеќа на дебито на Бекам, сезоната кога Пато им беше стрелец број 1

Се поздравија со Роналдо, ама го донесоа Роналдињо, а на полусезона ја ангажираа најпопуларната десница на светот со која Серија А доби на уште поголема популарност. Тоа беше сезона која навивачите ја паметат како крај на една ера со Карло Анчелоти.

Шпанија блокирана од снег, фудбалери туркаа коли, одложено дерби во Мадрид

Олујниот бран Филомена донесе рекордно ниски температури и огромни количини снег во Шпанија, земја која 50-ина години не видела така сурова зима.

Лидс и Алиоски испаднаа од четвртолигаш за кој заигра ријалити ѕвезда

Третата рунда на англискиот ФА Куп донесе многу интересни моменти. Хит беше мечот меѓу Марин ФК и Тотенхем, а најголема сензација направи четвртолигашот Кроули кој ги потепа Лидс и Биелса со 3:0.

Забавата во ФА Купот, Мурињо држел говор во ресторан за свадби, Клоп шпионирал

Ширум светот минатиов викенд се одиграа стотици фудбалски средби, но големо внимание привлече мечот во едно градче на Ирското море во Англија по чии плажи шета Карло Анчелоти и на чиј стадион синоќа шпионираше Јирген Клоп.

Лукаку и Дибала во Оревокршачка

Глумата во Серија А останува во Милано, ама се појави и во Торино. Минатото коло Леао, а сега двајца врвни напаѓачи, Лукаку и Дибала. Скроз непотребно. Не им личи.

Лудачки кош во Шпанија

Џером Рендл од Бетис имаше 5 секунди до крај на трета четвртина за да организира напад. Но дечкото заглави на своја половина и се снајде без да треба да организира напад.

Халанд и другарите го изработија Лајпциг како бавча

Некои голови не мора да се од 40 метри или со ножички за да бидат посебни. Борусија го совлада Лајпциг 1:3, а акцијава која им ја приредија беше празник за очи. Прво пет души немаа чаре за Халанд, потоа малку везење и гол.

По двајца не можат да го сопрат Мбапе

Кога ќе тргне во свој стил, не можеш да го сопреш, заебан е. Тука има брзина, знаење и голема самодоверба. Овој гол не е на Икарди, на Килијан е.

Загревање во Ибра стил

По првиот пораз сезонава од Јуве, фудбалерите на Милан го совладаа Торино и им се вратија на победите. Златан влезе на 5 минути до крај, а камерите го снимаа уште додека се загреваше во кунг фу стил.

Кога на голманот му преостанува само да ја гледа

Лестер го наполни Стоук на гости 0:4, а голот на мечот и колото во ФА Купот го постигна Џејмс Џастин кој му рече на голманот: Џабе ќе се фрлаше.

Абе не кај мечката да вртиш

Татко го учи синот да скија, ама со погрешни педагошки методи кои на малиот му внесуваат паника, а нас хумор. На јадниот му се тресат нозе уште пред да почне да му вика. Крајот е врв.

Незаборавната јануарска петарда во Дерби дела Мадонина

Деметрио Албертини 1:0, Маурицио Ганц 2:0, Дејан Савичевиќ 3:0, Франческо Колонезе 4:0 (автогол), Стеинар Нилсен 5:0. На денешен ден пред точно 23 години Милан му го нанесе на Интер еден од најтешките порази во дерби пресметките. Какви имиња, какви времиња.

Не пушам мамо

Ја пафкав само.

15 години од чудесниот слалом на Јаница Костелиќ без стап

„Не можев повеќе да ги удирам колците со дланката, па продолжив со лактот. Тоа беше ужасна болка, на крајот врескав, но дојдов да скијам за вас“, изјави кралицата на скијањето која за осум години направи светска блескава кариера.

Акција на сезоната во НБА лигата

Андре Драмонд од Кливленд беше најкрeативен играч на ноќешните средби од НБА. Пуштајте плеј и уживајте во најубавата, генијална и спектакуларна акција која ја смисли на мечот против Мемфис. Ремек дело.

ВАР на турски начин

Фенербахче славеше против Аланијаспор со 2:1 во турското првенство, а во еден момент на домаќините им поништија гол поради офсајд. ВАР снимката од ситуацијата вака отиде во етер:

Видовте ли што направи голманот на Брест?

Во Франција за влакно не падна автоголот на векот во режија на голманот на Брест кој изрежира нешто невидено до сега. Прво не ја прими како што треба, а потоа дегажираше како најголем паничар. Од мртов агол успеа да погоди и пречка и статива. Луда работа.

Ги навлече ко Столе Стоилов

Една од средбите за издвојување во богатата спортска среда е мечот Атлетик Билбао - Барселона, конечни 2:3. Меси беше фантастичен со 2 гола и 2 стативи, а одлична партија имаше и Педри со гол и асистенција. Погледнете го малиот како умешно ја исфрли од игра цела одбрана со се голманот и истовремено му асистираше на Меси.

Реакција на голманот на Мајорка како во 4-та романска лига

По 120 минута игра Мајорка одигра 2:2 на гостувањето против Фуенлабрада во Купот на Шпанија, а потоа беше елиминирана на пенали. Трајковски даде убав гол, а голманот реагираше уште поубаво во продолженијата од мечот.

Кој пукаше во Леао?

Прв пораз на Милан сезонава кој без неколку првотимци беше немоќен против шампионот на Италија. Немоќта беше видлива и кај Леао кој се обиде да изглуми пенал. Бернандески му го почеша грбот, а овој се струполи како на Кантер Страјк. 

Луда асистенција на Јокиќ која стана хит

Брилијантна партија на Никола Јокиќ со 35 поени, 15 скока и 6 асистенции на мечот против Минесота кој Денвер го доби со 123:116. Сите зборуваат за генијалниот пас на Србинот со кој ги воодушеви коментаторите.

Што се укочи бе Елиф?

Голем кикс на Наполи кој загуби дома од аутсајдерот Специја 1:2 и тоа со пресврт. Елмас влезе во 76-та минута и имаше чиста шанса за гол за да го спаси својот тим од пораз. Љоренте во финишот се загради и му ја даде на тацна, а нашиов наместо да направи еден чекор и да ја дувне во гол, се збуни и остана во место.