Иако Швајцарија прва дојде до водство и доби пенал да го урне ривалот, мечот брзо отиде на страната на светскиот првак. Во прав ролеркостер во Букурешт, Швајцарија имаше минус од 1-3 на десетина минути пред крајот и триколорите со триото Мбапе-Бензема-Гризман веќе беа штиклирани за четвртфиналисти.
Но Швајцарците се кренаа од бездната и ги казнија арогантните Французи кои си поигруваа во финишот а селекторот Дешам дури и ги заменуваше главните фудбалери со цел да ги одмори за следната фаза.
Тоа го казнија момците со потекло од Балканот. Прво во 81' минута, стрелецот на првиот гол на мечот Харис Сеферовиќ по втор пат го совлада Лорис за 2-3 а нововлезениот Марио Гаврановиќ во 90' минута ги шокираше Французите и го однесе мечот во продолженија.
🇨🇭 Gavranović ⚽️🎉#EURO2020 pic.twitter.com/nFrBHfakyZ
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 28, 2021
На крајот дуелот отиде на пенали а таму трагичар беше Килијан Мбапе на кого Зомер му го одбрани шутот и сензационално ги прати Швајцарците во четвртфинале.
Switzerland's shoot-out hero! 🧤
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 28, 2021
🇨🇭 Yann Sommer 🔥 #EURO2020 pic.twitter.com/tA6kQI14dq
🇨🇭 RESULT: Switzerland through to quarter-finals after thrilling shoot-out!
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) June 28, 2021
WHAT A GAME! 😮
🤔 Did you see that coming!? #EURO2020