Проектил на Азар за водство на Белгија на полувреме
Белгија има 1:0 по првите 45 минути во Севиља во кои видовме поприлично здодевен фудбал со бавно темпо и многу калкулации. Но затоа тука е Азар да го скрши мразот со еврогол во 42-ра минута, ама брат му Торган Азар од Борусија Дортмунд, а не Еден.