Дури и против немотивираната Боливија која не освои ниеден бод и е последна на табелата, Меси тргна од старт и ја поведе Аргентина.
Ова беше рекорден 148. меч за Меси за својата земја а Лео играше со цел да победат и да го избегнат второто место кое во нокаут фазата ги водеше на Колумбија. (го надмина рекордот на Хавиер Маскерано кој имаше 147 настапи за Арентина)
Lionel Messi sits alone at the top 🔝 pic.twitter.com/UANqPBEyfo
— Goal (@goal) June 29, 2021
Гаучосите како по обичај тргнаа бледо, во 1. коло одиграа 1-1 со Чиле (Меси) па после се вадеа против Уругвај (1:0) и Парагвај (1:0).
Во последното коло од групната фаза играа синоќа против Боливија и конечно блеснаа. Иако Лаутаро Мартинез во првите две кола беше блед, а Агуеро играше исто како и во поголемиот дел од својата последна сезона за Манчестер Сити, Аргентина овојпат славеше убедливо.
Отвори Папу Гомез на сјајна асистенција на Меси уште во 6’ минута, а после на сцена пак тапи Лео со два гола - прво од пенал во 33’ минута па во 42’ со лоб по сјајна асистенција на Кун Агуеро. Боливијците намалија преку Саведра во 60’ а конечните 1-4 ги постави Лаутаро Мартинез во 65-та минута.
Ова беа први два гола на еден меч за Меси за Аргентина уште од 7 август 2019-та кога даде два против Никарагва во пријателска (5:1, играше само прво полувреме).
На официјалните натпревари Меси последен пат дал два гола во октмври 2017-та кога против Еквадор во квалификации за Светско 2018 постигна хет-трик (3:1).
Што се однесува до вечната листа најдобри стрелци во историјата на репрезентативен фудбал, таму Лионел Меси (34) го дели 9. место со 75 постигнати гола со Башар Абдул (Кувајт), Кунисиге Камамото (Јапонија) и Шандор Кочиш (Унгарија).
На оваа листа првото место го делат легендарниот Иранец Али Даеи и Кристијано Роналдо со по 109 гола. Трет е Малезиецот Мухтар Дахари со 89 гола, Ференц Пушкаш четврт со 84 гола, Годфри Читалу од Замбија има 79 и е петти, Хусеин Саид од Ирак има 78 гола и е на 6. место, Пеле со 77 гола за Бразил е 7-ми, а Али Мабхут од ОАЕ со 76 е 8-ми.
На вториот меч синоќа Уругвај го победи Парагвај 1:0 со гол на Еди Кавани во 21’ минута. Во групата А на Копа Америка 2021 Аргентина е прва со 10 ода (3-1-0), Уругвај втор со 7, Парагвај трет со 6 и Чиле четврти со 5.
Во четвртфиналните дуели кои се закажани за 3. и 4. јули ќе играат: Перу - Парагвај, Бразил - Чиле, Уругвај - Колумбија и Аргентина - Еквадор.
The 2021 Copa America bracket is set 🏆 pic.twitter.com/N8zYxD2JIa
— B/R Football (@brfootball) June 29, 2021