Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Мексикански шах-мат во три потези

Во 4. коло од мексиканската Лига МХ, Атлас со 2-1 го совлада Сантос Лагуна и со 10 бода е на второ место на табелата. Пред крајот на првиот дел, голманот Камиљо Варгас дегажира снажно до противничкиот гол. Таму Хулио Фурх со маестрален штоп ја смирува топката која што залетан во гол ја шутира Хаиро Торес. Баш фраерски гол.

Јака фешта на Сенегалците во Џенова

Африканскиот Куп на нации се игра 65 години, а селекцијата на Сенегал синоќа го освои за прв пат откако го победи Египет на пенали. Наш човек кој живее во Италија начекал голема група на Сенегалци кои слават за историската титула. Ни прати клип. Во транс се.

Една смешна кратка сторија за фудбалер од Украина во Франција

Данило Ињатенко има 24 години. Со фудбал се занимава од 2009-та година. Играл во матичниот Металург Запорожје, па после доаѓа во Шахтор Доњецк каде не доби ниту една шанса и го праќаа на позајмици во други клубови.

Сјајна вечер со трипл-дабл учиноци за Лука Дончиќ и Јокиќ

Кошаркарите на Далас Маверикс ја совладаа Атланта Хокс 103:94. Мавси до нов триумф ги водеше лидерот Дончиќ со 18 поени, 11 асистенции и 10 скока за 28 минути на паркетот. Лука рано влезе во проблем со фаули па се пазеше во текот на поголемиот дел од мечот.

Влаховиќ ја истера некако пеачката традиција во Јуве

Српскиот центафор како нов член на Старата дама, се качи на стол после ручек и го избра италијанскиот хит „Una volta ancora“. Ама не покажа некои вокални способности, па среќа другите се уфрлија и ја кренаа атмосферата.

Редар насилник на миланското дерби

Навивачите често знаат да претераат со изигравање бесни глисти на терен, ама понекогаш и редарите губат памет. На дербито Интер - Милан му се сипаа на навивач и му направија туш како да е Ел Чапо во прашање, а еден од нив му влезе со боксови. Тео Хернандес и Ромањоли тргнаа да ги смират.

Хулиган ги нападна фудбалерите на Нотингем на сред терен па настана хаос

Нотингем Форест, некогашниот славен клуб кој со децении игра во втора и трета англиска лига, сезонава прави големи резултати во ФА Купот. Во неделата со 4-1 го прегазија силниот Лестер и се пласираа во осминафинале. Но мечот се најде на сите насловни страни ширум Европа откако еден навивач на „лисиците“ влезе во терен и физички ги нападна домашните играчи. Се вмеша и обезбедувањето па настана хаос.

Мајстор Килијан од место, оди фати му ја да те видам

Парижаните пукнаа петарда против Лил на гости. Конечниот резултат е 1:5, меѓу стрелците беше и Меси, а ремек делото на мечот го има Мбапе.

Турците во чест на Јаховиќ направија кореографија со македонското знаме

Убаво изнедување и голема чест за македонскиот репрезентативец и покрај тоа што го немаше на терен.

Историска ноќ за Сенегал, кој за прв пат ја освојува Африка

Садио Мане ја доби битката против Мохамед Салах во финалето на Африканскиот Куп на Нации. Прва титула во третото финале за Сенегал против рекордерот Египет со седум титули.

Страшна левица на Асенсио, голманот не мрдна

Во ситуација кога Реал вечерва го немаше ударното напаѓачко дуо Бензема - Винисиус, за трите бодови против Гранада се погрижи Марко Асенсио со опасен и неодбранлив удар.

Дуле шоу за само 13 минути во дресот на Јуве

Ете толку му требаше на 75 милионското засилување на Јуве кој го одбележа јануарскиот преоден рок со трансферот од Фиорентина. Само неколку дена по промоцијата, го облече дресот на најтрофејниот италијански клуб и со мајсторски лоб го матираше голманот на Верона. 18-ти сезонски погодок за Душан Влаховиќ, исто колку Имобиле со кој се бркаат секое коло.

Мајсторија на Жиру кој со два гола за три минути го сруши Интер

Борбата за врвот во Серија А допрва ќе станува возбудлива и неизвесна по конечниот исход на миланското дерби. Го нема Ибра, ама има друг ветеран кој со гол шоу направи спектакуларен пресврт. 

Голмански автогол кој плаче за истрага

Или треба да си многу неинтелигентен за да го направиш ова или многу добро да се офајдиш од спортска, трето нема. Инаку дилетантов е од Мароко.

Приказната за Тодор Мијаков Кош - најуниверзалниот спортист на векот од Велес

На 15 години ги шокирал Струмичани со 41 кош, во време кога не постоеле тројки. Вардар и ОФК Белград го барале како голман. Фудбалски. Немал утка од белата точка кога ги шутирал првите 10 пенали во кариерата, а имало обиди постар да го направат.

Како Путин дремна за време на отворањето на Олимписки Игри

На легендарниот стадион „Птичје гнездо“ попладнево се одржа свечена церемонија на отворање на Зимски Олимписки Игри 2022. На трибините специјален гостин беше претседателот на Руска Федерација Владимир Владимирович Путин кој во еден момент задрема.

Македонските олимпијци го развеаа знамето во Пекинг

Со церемонијата на свеченото отворање која стартуваше во 13 часот по средноевропско време, почнуваат Зимските олимписки игри во Пекинг број 24.

Коментаторот на Ренџерс ТВ кој голташе гнедли на дербито

Навивачите и фудбалерите на Ренџерс ќе треба што поскоро да го заборават дебаклот на Селтик Парк. По заминувањето на тренерот Стивен Џерард во Астон Вила, Ренџерите паднаа во форма а Селтик е во победничка серија и на табелата сега води со 1 бод повеќе. А коментаторот на клупската ТВ на Ренџерс, Том Милер како да пренесуваше од гробишта.

Де Хеа е најдобар во Премиер лига за месец јануари, има и зошто

Со 22 чисти одбрани на четири премиерлигашки дуели во јануари од кои блескаше најмногу против Вест Хем и Брентфорд, Де Хеа заслужено ја доби наградата за најдобар играч во Премиер лига за првиот месец во годината. Шпанскиот голман го доби истото признание и во клубот во избор на навивачите што значи дека ја добива трет месец по ред.

Џеки Чен главна атракција кај легендарниот Кинески ѕид, се очекува отворањето на Зимски Олимписки Игри

Светската јавност го очекува отворањето на Зимските Олимписки Игри во Пекинг каде церемонијалот започнува околу 13:00 часот.

Гол во 89-та минута за лудница во Билбао, срушен е Реал

По голема и жестока борба на секогаш жешкиот „Сан Мамеш“ во Билбао, домашниот Атлетик со гол во самиот финиш го совлада Реал Мадрид 1:0 и се пласираше во полуфиналето на Кралскиот Куп. На овој начин Баскијците им се омаздија на „кралевите“ за поразот во финалето на Суперкупот пред еден месец во Саудиска Арабија.

Цели Зимски Олимписки Игри во Кина ќе бидат со вештачки снег

Зимските Олимписки Игри одамна се потпомогнати од вештачки снег. Целата приказна почнува од 1980-та и ЗОИ вои Лејк Плесид во Њујорк кога организаторите решиле да користат машини за испуштање вештачки снег зошто зимата била сува.

Опасен напад со шишиња врз фудбалерите на Реал

Гостувањата во Баскија не се жешки само на терен. Погледнете ја оваа куса снимка на која може да се зебележи каков пречек им приредија навивачите на Атлетик Билбао на гостите од Мадрид.

Најчудниот гол кој ќе го видите сезонава го даде Канада

Во квалификациите за Светско 2022 Канада е прва во КОНКАКАФ зоната со 4 бода пред САД и Мексико на три кола пред крајот. Канаѓаните синоќа го совладаа Ел Салвадор на гости со 0:2. Мечот го отвори ветеранот од Бешикташ Атиба Хатчисон (38) со најчудниот гол кој паднал сезонава.