И покрај тоа што Лудогорец е апсолутен хегемон во бугарскиот фудбал и ја освои 11-та шампионска титула по ред, Левски и ЦСКА Софија се најпопуларни клубови во Бугарија. Преку 40.000 гледачи го следеа големото финале на Купот меѓу овие ривали. По скоро 20.000 на двете страни. Едните сини, другите црвени.
На крајот славеше Левски 1-0 со гол на Илијан Стефанов во 52' минута. Левскарите се радуваа на пехар првпат после цели 13 години, а ова им е 23. трофеј во Купот.
Во Софија имаше фешта каква што не се памети одамна на градското дерби: