Превртување од радост, легендарниот Нотингем на 90 минути од Премиер лига

Некогашниот европски шампион и клуб кој ја доминираше цела Европа, а кој подоцна со децении дремеше во ниските англиски дивизии, сега дојде во прилика за првпат после далечната 1999-та да се врати во елитната Премиер лига.

Во полуфиналето на плејофот од баражот во англискиот Чемпионшип, Нотингем Форест прво го совлада Шефилд Јунајтед на гости 1-2, па изгуби со ист резултат дома и патникот во финале се решаваше на пенали каде домаќинот на крај славеше 3-2.

Голманот на Нотингем, Брајс Бамба беше јунак на мечот со дури три одбранети пенали.

Општа лудница на трибини и на терен во Нотингем. На 29. мај ќе играат големо финале на плејоф против Хадерсфилд кога ќе се дознае последниот патник во Премиер лига, после Фулам и Борнмут.

Тоа ќе биде воедно и најскапиот меч затоа што победникот ќе добие астрономска сума по разни основи.

 

18 мај 2022 - 08:46