Копавме низ историјатот во Серија А и пронајдовме само една сезона во која градските ривали од Милано се бореле до последно коло за шампионската титула.
Се работи за сезоната 1963/1964 во која исто така се влегло во последната рунда со 2 бода разлика, но тогаш ја имале фудбалерите на Интер и на крај станале шампиони.
Овој пат ситуацијата е обратна и во голема предност се росонерите, кои ако победат на гостувањето против Сасуоло, воопшто нема да имаат потреба да се отповаруваат со резултатот на Интер.
Со пораз пак на Милан и победа на Интер над Сампдорија, значи дека нероаѕурите би ја одбраниле титулата која лани ја освоија со Конте.
Има и трето сценарио, а тоа е Милан да одигра нерешено, а Интер да победи. Во тој случај и двете екипи би имале по 84 бода.
Што велат правилата во Италија кога во последно коло првиот и вториот имаат ист број на бодови?
Постојат 5 критериуми по следниот редослед:
1. Број на бодови во меѓусебните дуели.
2. Гол разлика во меѓусебните дуели.
3. Гол разлика во цела сезона
4. Број на постигнати голови во цела сезона
5. Жрепка
Со оглед на тоа што има подобар тим во меѓусебните дуели, тоа значи дека титулата би се одлучувала според првиот параметар и нема потреба од активирање на вториот.
Милан го доби едното дерби со 2:1, а другото заврши 1:1. Тоа се 4 освоени бодови или во превод титулата оди кај нив.
Сепак момците на Пиоли мораат да бидат внимателни на гостувањето против Сасуоло, бидејќи оваа екипа сезонава стана четврта во историјата која успеа во една сезона да ги победи Јувентус, Милан и Интер и тоа на гости.
Натпреварите во последно коло