Offside

Сомбреро е најпрепознатливиот симбол на Мексико и задолжителен атрибут на неговите навивачи на сите Светски првенства. Така ќе биде и на овој Мундијал, трет во историјата во оваа земја.

Кои клубови имаат најмногу навивачи во Италија?

Се работи за скокотлива и омилена тема, најмногу за навивачите кои водат битки на Фејсбук. Овој пат е претставена на мапа која е направена според тоа за кои екипи се навива најмногу по региони. Води најтрофејниот италијански клуб Јувентус, кој и покрај тоа што е од север, има најголена фан база на југот. По нив се двете екипи од Милано.

Тренерот на Голден Стејт Вориорс се расплака поради масакрот во Тексас

Пред четвриот меч меѓу Далас Маверикс и неговиот Голден Стејт Вориорс, повеќекратниот НБА шампион Стив Кер кој стана и нов селектор на САД, низ солзи зборуваше за страшниот масакр во училиште во Тексас.

Фешта од воз на Кајзерслаутерн

Четирикратниот германски шампион и двократен освојувач на Купот на Германија, познатиот Кајзерслаутер со години дреме во пониските лиги на германскиот фудбал и се чини дека конечно го враќа стариот сјај. Кајзер по домашните 0-0 во баражот за пласман во втора Бундеслига, на гости го совлада Динамо Дрезден со 0-2 и обезбеди втора лига во новата сезона. Навивачите на враќање од Дрезден од воз палеле огномети.

Ферги не ми бегај, дојди да се сликаме

Со два трофеи сезонава (ФА Куп и Лига Куп), како и можност за трет во ЛШ, Јирген Клоп е прогласен за тренер на сезоната во Англија. Наградата му ја додели Сер Алекс Фергусон, а потоа тргна да си оди. Клоп не го пушти.

Македонците кои го славеа Скудетото на Милан во Сасуоло

11 годишниот пост од титулата придонесе за огромна еуфорија меѓу навивачите на Милан. Пјаца Дуомо гореше на прославата, а претходно и стадионот на Сасуоло каде миланистите направија инвазија во бројка од 18.000. Меѓу нив имаше и Македонци кои одбиле 2.000 евра за една карта пред натпревар.

Стоперот на Вест Хем влезе во судница ко во противнички шеснаесетник

Курт Зума, одбранбениот фудбалер на Вест Хем кој едно време играше и за Челси, се појавил на судски процес по обвинението за него покренато за видеото кое се појави а на кое се гледа како со сета сила ја шутира и рога домашната мачка додека брат му го снима.

Тирана се справува со навивачка инвазија и хаос меѓу Италијанци и Холанѓани

Вечерва од 21 часот се игра финалето на Лига Конференции меѓу Рома и Феенорд. Ова е трето натпреварување во хиерархијата на УЕФА која што самата малку како да го потцени.

Разликата на славење титула во Милано и Манчестер

Наративот на оние кои упорно верглаат дека англиско е најјако, а италијанско тапа е по малку неоснован муабет со субјективност во ставовите. Тие што ја држат обратната теза може да се фатат за овие разлики, па да прашаат, а сега каде гледате поголема навивачка страст, во Милано или Манчестер? Така што, релативна работа е тоа дечки, па дури би рекле и непотребно правење споредби. Не умира шмекот на италијанско, ај ти. Секој со своите страсти и симпатии.

Чувството кога ќе го исчашиш голманот со пласирана

Додека на европско тло од ЛШ остана уште финалниот натпревар кој ќе го гледаме на 28-ми, кај јужноамериканците за два дена ќе стартува нокаут фазата од Копа Либертадорес. Еден од осминафиналистите е Емелек од Еквадор кој со 7:0 го распарчи Индипедиенте Петролеро од Боливија. Извесен Родригез ептен си го направи ќеифот.

Најмила приказна на сезоната: Внук однел дементен дедо на меч на Сити и прослава на титула

Видео со дедо и внук од регионот Чешир во Манчестер кои одат на историскиот натпревар меѓу нивниот Сити и Астон Вила во кој домаќинот направи епски пресврт од 0:2 на 3:2 за пет минути и ја освои шампионската титула, е најголемиот хит во европскиот фудбал.

Девојка ставила 100 фунти на квадрипул на Ливерпул, на 20 минути пред крај ѝ нуделе 95.000 за тикетот

Тања Хенли, голема навивачка на црвените од „Енфилд Роуд“ пред почетокот на сезоната, кога ретко кој помислуваше нешто да прогнозира, ставила 100 фунти на тоа дека нејзиниот омилен Ливерпул сезонава ќе освои таканаречен квадрипул - четири титули, односно трофеј на секој фронт.

Слушнавте ли која песна свиреше на прославата на титула на Милан

Па додека е Ибрахимовиќ присутен никој не смее да помисли да го смени хитот на Нада Топчагиќ - Јутро је. Од Сан Ремо до клупскиот автобус за прослава на титулата во Милано пред илјадници навивачи.

Храбар махер на колото со братско убедување

Писмо од читател: Кратка историја. Јас сум хардкор навивач на Ливерпул, а брат ми дебелото е за Милан. Му реков дека оваа сезона го освојуваат калчото, тој ми велеше дека сум будала. Уплатив во Октомври уште лани дека Милан ќе бидат први.

Ибра го гаѓаше Жиру со прслук, а Тео ги палеше навивачите да пејат против Чалханоглу

Милано е во транс откако шампионите се вратија од гостувањето против Сасуоло каде го заверија Скудетото број 19. Душа му извадија на Хакан, а играчите држеа и транспарент насочен кон градските ривали за кои се отвори истрага.

Моќен говор на Ибра по кој полуде цела соблекувална

Централна фигура во Милан изминативе две и пол сезони е 40 годишниот Златан Ибрахимовиќ, кој ќе треба да го клонираат ако сакаат да им ја држи соблекувалната и во иднина. Снимкава е направена после завршувањето на мечот против Сасуоло. Прво сите го слушаат внимателно, а потоа ерупција.

Големото срце на Жиру, кој од меден месец брзал да стигне на проштален меч на пријател

Францускиот центарфот е една од клучните фигури сезонава во Милан кој му даде два гола на Сасуоло вчера, ама и на Интер во меѓусебната пресметка за титулата. Шампион е и на терен, ама и во душа.

Во Серија А има тренер-спасител кој спаси 4 тима од испаѓање, сега ќе одел пешки до Рим 300 км

Колку што е симпатична приказната на Милан за шампионска титула, толку е необична и сторијата за спасот и опстанок на Салернитана, тимот од југот.

Убавицата која случајно се удри со пехарот

Речиси вековна традиција во Италија е титулата, трофејот за шампионот на терен свечено да го донесат прекрасни модели. Така беше и овојпат во Сасуоло, каде убавицата имаше мала незгода со големиот пехар па се удри во глава. За среќа мина без последици.

Четирите нови правила во ракометот

ИХФ од 1 јули воведе промена во правилата на ракометната игра. Биле објаснети викендов на семинар за судии во Виена, на кој присуствувал и реномираниот интернационален судија, Ѓорги Начевски.

Реакцијата на Мертенс кога му свиреа додека потпишува автограми

Најдобриот стрелец во историјата на Наполи застана фино лепо да им учини на навивачите, ама тој позади него му правеше тензија. Белгиецот им даде јасни инструкции што треба да му покажат.

Јунакот кој на Пеп Гвардиола му ја донесе титулата, 6 години живеат во иста зграда, му заѕвонил само еднаш на врата

Во повеќе од милијарда фунти потрошени на трансфери, Пеп Гвардиола лесно би можел да заборави дека негова прва аквизиција во Манчестер Сити беше Илкај Гундоган.

Зинченко го покри трофејот со украинското знаме и му го посвети на својот народ

Олександр Зинченко ја заврши најтешката сезона во кариерата и имаше наплив на емоции за време на прославата на шампионската титула, исто така веројатно најтешка откако игра фудбал.

Сите магични потези на Давид Бабунски сезонава

Браќата Доријан и Давид конечно после многу разни дестинации, заиграа за ист клуб - унгарски Дебрецен. Патиштата им се вкрстија неодамна а клубот на крајот ја заврши сезоната на 7. место од 12 клуба.

И македонските миланисти на големо ја прославија титулата

Стотина најверни тифози на Милан од земјава, собрани во фан клубот Росонери Македонија, за време и по мечот со Сасуоло на најубав начин го прославија скудетото.