Со оглед на тоа што Хрватска е редовен учесник на скоро сите Европски и Светски првенства во последниве две децении, а имаат и одлични резултати (во моментов се актуелен светски вицешампион), навивачката јавност во оваа земја си ја знае работата.
Се знае кој е задолжен за навивачки химни.
Еве им ја најновата пред Мундијал 2022:
Еве им и претходни хитови кои во навивачкиот свет важат за број 1:
Дечки, секоја чест.
А каква е ситуацијата во Србија?
Таму во последните неколку години, на големите прослави на медали и шампионски титули на одбојкари, кошаркари и ватерполисти се ангажираа локални рап групи како ТХЦФ (Фамилија). Викотници, урлици и не баш прифатливо за сечие уво.
Покрај нив, свои „навивачки“ химни снима и кој како му дојде, па има и примеси на фолк, поп, шунд: