Холандскиот селектор и на 71 година ја води репрезентацијата, некогаш и во количка

Легендарниот холандски стратег Луи ван Гал ја води својата земја на второ Светско првенство во кариерата. Првиот пат во 2014-та на Холандија и подари прекрасна победа над силната Шпанија од 1:5 со еврогол на Ван Перси. Холанѓаните тогаш стигнаа до трето место и бронза, сега имаат иста цел.

Во средината на ноември 2021- Ван Гал додека бил во тренинг базата на репрезентациајта, паднал од велосипед и тешко го повредил бутниот мускул. Му следела операција после која долго се опоравувал. Дури и мечот со Норвешка во квалификациите за Светско 2022 го водеше од инвалидска колечка а тренинзите ги водел качен на голф количка.

ОБЈАСНУВАЛ ТАКТИКА СО ШИШЕНЦА КОКА-КОЛА

На една од мартовските прес-конференции некој новинар го прашал Ван Гал да му ја објасни формацијата со триаголник во која игра Холандија. Ван Гал ни две ни три со шишиња Кока-Кола му објаснил.

„Да, гледај, ова е холандскиот триаголник. Напаѓач и две крила. Но испаѓа дека ова е обратен триаголник. Имаме два напаѓачи и една десетка. Тој систем најдобро работи со нашиот сотав (3-5-2 или 3-4-1-2). Јас не ја користев таа формација во квалификациите зошто немавме време да работиме на неа“, рекол Ван Гал.

СЕ ИЗРАМНИЛ СО РЕКОРДЕРОТ ПО БРОЈ НА ПОБЕДИ СО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

На 25 септември годинава Холандија ја победи Белгија со 1-0 со гол на Ван Дајк. Тоа им беше последен меч пред Светско првенство.

Во Катар Луи Ван Гал отпатува со ист број на победи како селектор како Дик Адвокат. Двајцата имаат по 37. Ако победи на Мундијал макар еден меч, ќе стане рекордер и ќе влезе во вечноста.

„Лалињата“ отвораат со Сенегал.

ИМ ОДРЕДУВАЛ БРОЈ НА ДРЕС НА ИГРАЧИТЕ СПОРЕД ВОЗРАСТА

Во средината на ноември Ван Гал изјвил дека ќе одредува бројки во Холандија според возраста. „Вие се шегувате?“ го прашал еден новинар а Луи му одговорил: „Јас никогаш не се шегувам на прес-конференции“.

Подоцна стана јасно. Своите претходни броеви ги сочуваа само голманот ветеран Ремко Пасвеер (број 1) и Мемфис Депај (број 10). Покрај тоа 25 и 26 добија најмладите играчи во селекцијата: Џереми Фримпонг (21 година) и Хави Симонс (19 години).

ПЛАЧЕЛ КОГА ИМ СООПШТУВАЛ НА ИГРАЧИТЕ КОИ НЕ ОДАТ НА СВЕТСКО

На 11 ноември се појави конечниот список репрезентативци на Холандија за Светско 2022. Дента Ван Гал признал дека плачел кога им соопштил на некои играчи дека не се на списокот за Катар.

„За време на откази на некои играчи во состојба сум кога не можам да ги додржам солзите. Со тие играчи имам толку многу блиски односи“.

ПРОГНОЗА ЗА МУНДИЈАЛОТ

Холандија е во група со Сенегал, Еквадор и Катар.

„Не сакам да прогнозирам, но се надевам дека ќе играме прекрасно и дека на крајот од турнирот кога Холандија ќе влезе во финале, ќе гледаат и ќе кажат дека сме биле подобри“.

Ова е веројатно последно Светско и воопшто голем турнир за Ван Гал.

21 ноември 2022 - 16:19