По Данил Медведев, Андреј Рубљев, Стефанос Циципас и Тејлор Фриц, Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Торино го совлада норвешкиот претставник Каспер Руд со 7-5, 6-3, триумф кој му носи 1.500 поени на АТП листата и парична награда од 4,7 милиони долари. Во големата еуфорија на потпишување автограми се најде и Македонецот Димитар Бадев кој врза кус муабет со тенискиот ас.