„Полицијата ме праша како сакам да го казнат крадецот. Ми кажаа дека ќе го пронајдат и инситираа да решам како крадецот ќе биде казнет, дали сакам пет години затвор или депортација. Ме фатија морници. Им реков дека не сакам да се мешам во тоа и да изигрувам судија туку само да ми се вратат работите“.
Аргентинската новинарка Доминик Мецгер дала уште информации за настанот:
„Какво ми е искуството во Катар? Па ми украдоа новчаник во јавувањето во живо. Бев во полициска станица и таму ми гарантираа дека се е под видео надзор и дека ќе ми ги најдат документите, парите, картичките, предметите поради кои најмногу се секирам.
Тоа беше кражба без насилство. Не сфатив дека сум ограбена. Во еден момент игравме со некои луѓе и можеби тогаш се случило. Локалците забележуваат дека сме поинакви и сакаат да комуницираат со нас. Тргнав да вадам паричник да купам вода и сфатив дека ми го нема“.