Offside

На 16 години станува најбрзата жена во светот. На 19 години нејзиното тело било ставено во багажник и сметано за мртво. Ова е неверојатна приказна за Бети Робинсон. Олимписка шампионка која буквално се издигнала од гробот и се вратиле на тартанот.

Новак Ѓоковиќ - Миљацка

Лево од него Јелена, десно Саша Ковачевиќ, на маса винце и пехарот од Вимблдон. Одиме мајсторе.

Тензии во Гибралтар, Седлоски во судир со голманот на домаќините

По триумфот на домашен терен од 3:0, Шкупи едвај ја мина првата пречка во квалификациите за ЛШ. Линколн на реваншот славеше со 2:0 и македонскиот првак за малку ќе се посрамотеше против аматерите од Гибралтар. По последниот свиреж на судијата имаше турканици и за влакно беше избегната тепачка. Во второ коло Шкупи се среќава со Динамо Загреб.

Пандев во посебно друштво на топ 20 напаѓачи од Серија А во 21 век

Ако на некој уште не му е јасно каков белег остави Горан Пандев во италијанскиот фудбал, доволно е само да и фрли око на табелава и сè ќе му стане јасно.

Ништо не е завршено, додека душа не им излезе

И да не прати човек воопшто одбојка, треба да го види ова, за да сфати што е дефиниција за женска упорност.

Сте чуле за ова фудбалско правило?

На британски квиз паѓа следново прашање, навидум многу едноставно: Ако од слободен удар ја шутнеш топката во сопствената мрежа, што се суди: А) Гол, Б) Индирект, Ц) Корнер. Натпреварувачката одговори под Ц, а водителот веднаш ја поправи, каков корнер. Но кога слушна кој е точниот одговор, се скамени. Инаку водителот се вика Бредли Волш и е поранешен фудбалер на Брентфорд.

Белграѓани му приредија спектакуларен пречек на Ѓоковиќ

По големиот триумф на Вимблдон, српскиот тениски ас пристигна на домашно тло со пехарот в раце, кој го освојува четири пати по ред и вкупно седми, на најпрестижниот и најелитен тениски турнир во светот.

Финтата која Кирјос му ја продаде на Надал, како дебитант на Вимблдон на 19 години

Се работи за Вимблдон 2014-та кога Ѓоковиќ во финалето го совлада Федерер и стигна до вториот трофеј. Во четвртото коло, Рафа Надал како број 1 на АТП се соочи со шок, бидејќи беше изненаден од дебитантот Ник Кирјос со 3:1. Да ја погледнеме неговата дрскост уште на 19 години.

Што правеше светскиот рекет број 1 за време на финалето на Вимблдон?

Данил Медведев кој во моментов е прв на АТП листата, немаше можност да игра на Вимблдон поради санкциите кои важеа за руските и белоруските тенисери. Ама па ниту го гледаше финалето. За него перфектна недела значеше уживање во трката за Големата награда на Австрија во Формула 1, која се возеше во исто време.

Навивач го бркаше Гвардиола на точак за фотка

Стратегот на Манчестер Сити му влезе на кадар и прво не сакаше да застане, ама откако овој почна упорно да го брка, Пеп застана и делуваше исплашено. Сепак беше темница, без никој друг да има во близина.

Финалето меѓу Ѓоковиќ и Кирјос во 5 минути

Ако немавте вчера после неделниот ручек слободни 3 часа за финалето на Вимблдон, тогаш ви преостанува да чекате снимка или да го изгледате хајлајтсот со најатракривните поени. Да потсетиме, Ѓоковиќ го победи Кирјос со 3:1 и му направи пресврт.

Фудбалската историја веројатно не памети ваква надреална сцена на гол линија

Сакавме да го крстиме како најголемо промашување во историјата на фудбалот, ама не сме скроз сигурни што е поентава. Се работи за натпревар во Канада меѓу Валур и Халифакс Вондерерс. На ѕидот на срамот вечно закован ќе остане Вилијам Акио.

Каков татко, таков син

На Ромео Бекам изгледа му фаќа пиперницата за фудбал, ама и десницата од слободен удар, што беше специјалност на неговиот легендарен татко Дејвид. Има 19 години и игра за вториот тим на Интер Мајами, каде Дејвид Бекам е еден од газдите. Да видиме како ја отвори новата сезона против Орландо.

Припремите на Ѓоковиќ за Вимблдон

Ноле пред Вимблдон беше во Црна Гора. За лесен противник во финале, лесни тренинзи.

Ѓоковиќ: Ник, никогаш не мислев дека ќе кажам толку убави работи за тебе

И покрај сите испади на Ник Кирјос за Ѓоковиќ низ годиниве, по финалето на Вимблдон, Србинот го испофали својот противник и удри добар мајтап.

Кирјос: Судија дај избркај ја онаа, вон себе е, изгледа како 700 пијачки да има испиено

Првото свое финале на Вимблдон, Кирјос го помина во разговор со судијата. Имаше милион забелешки за однесувањето на некои гледачи, е меѓу многуте циркузи му го извадија ова видео:

Извонредниот Ѓоковиќ по седми пат на тронот на Вимблдон

Српскиот тениски ас стигна до седмата титула на Вимблдон, четврта по ред и со 21 Гренд слем е втор најтрофеен тенисер во светот. Надал води со 22, а Федерер има 20.

Школски ножички за најавна шпица, браво мајсторе

Во втората американска фудбалска лига, Сакраменто Репаблик и Оукленд Рутс растурија од голови. Мечот заврши 3-3, домаќините стигнаа до бод буквално во последни секунди од мечот, во 90+6' минута, ама голот кој го даде гостинскиот фудбалер Хуан Карлос Азокар во 27' минута за 1-1 заслужува долги аплаузи.

Неверојатни сцени од Бомбонера, пукна дел од жестоката трибина

Ла Бомбонера е најкултен стадион на светот. Атмосферата која што таму ја прават навивачите на Бока е приказна за себе. Но стадионот очигледно е веќе дотраен и му треба реновирање, ако не и целосна реконструкција. На толку грмотевици трибините веќе не издржуваат.

Тихо мангупе нè изнасмеа

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов ја однесе девојка му на концерт на Coldplay во Варшава, Полска, каде што и настапува за Пјаст Гливице. За време на еден од хитовите на славниот бенд, ја запроси на трибина, а веста ја соопшти со најактуелната шега овие денови.

Фото на денот

Ник Кирјос и Нова Ѓоковиќ денеска ќе играат финале на Вимблдон, ама ова не се тие, друг е муабетот.

Што носеле во тениските торби Надал и Ѓоковиќ како помлади?

Шест тенски рекети, еден мал, топчиња, гаќи, чорапи, патики, возачка дозвола...

Како Јокиќ го прослави потписот на договорот вреден 264 милиони долари

Со црна рамбовка, шорц и влечки, Никола Јокиќ стави потпис на најбогатиот договор во историјата на НБА лигата. Астрономски 264 милиони долари кои ќе ги заработи во плата од 2023-та до 2028-та. Ајмо мајсторе, распали.

Направи триесет склека па ќе добиеш автограм од Стеф Кари

Стеф Кари е на заслужен одмор откако со своите Вориорс во големото НБА финале го урнаа Бостон Селтикс и ја освоија титулата. Кари каде и да се најде е опкружен од навивачи кои сакаат да се сликаат со него. 20-годишниот Мејсон Барбер морал душа да извади со 30 склека за да добие автограм од лидерот на НБА шампионот.