Offside

Шпанија го владее фудбалот. Само во последните четири години освои Лига на нации 2023, Олимписки игри 2024, Европско 2024 и Светско 2026. Кога овие успеси ќе се спојат со клупските, резултатот е надреален.

Најглуп црвен картон на сезоната (втор дел)

Фудбал се игра на секое ќоше на планетава Земја, па така секојдневно има разни комични епизоди од разни краишта. Во Мексико, на натпреварот меѓу Мореила и Тепетлиан, гостинскиот фудбалер Брајан Мендоза при водство на неговиот тим 1-2 почнува да глуми. Добива жолт картон од судијата, па додека излегува од терен да му пружат медицинска помош, ги навредува навивачите дека плачат. Добива втор жолт и црвен картон. На крај губат 3-2 со играч помалку.

Навивачите на Кајзерслаутерн имаа хит кореографија

Некогашниот стандарден бундеслигаш и учесник во еврокупови Кајзерслаутерн со години не може да го направи клучниот чекор и да се пласира во Бундеслига. Сега во втората лига се 7-ми после 26 кола, имаат 40 бода и заостануваат неколку бода зад местата за доигрување за пласман. Во неделата го совладаа Карлсруе 3-0 а нивните навивачи на трибината зад голот имаа супер интересна кореографија.

Турска лекција за изведување докторски слободен удар

Генчлербирлиги - Бешикташ 0:2. Оркун Кокчу со импресивна велемајсторска завршница од многу тешка позиција. Голманот немаше шанси.

Шоуто на Милан Лазаревски во Битола

Македонскиот репрезентативец одигра животна партија во големото дерби против Еурофарм Пелистер во Битола. Вардар го совлада големиот ривал а Милан Лазаревски имаше 7/7, безгрешен беше од игра. Пред натпреварот Лазаревски на загревање си потпевнуваше една наввивачка песна на Пелистерци и така се мотивираше за тоа што следеше.

Аргентински коментатор се стави на автоматско подесување

Јужноамериканците се најоткачени за коментирање. Овој во трета лига отиде и понапред од тоа.

Чупиќ господин: „Не сме ние циркуска екипа, покажете респект“

Ракометарите на Вардар 1961 направија огромен чекор кон освојување на шампионскиот трофеј откако славеа против најголемиот ривал Еурофарм Пелистер 22-27 во 2. коло од доигрувањето за титула во Суперлигата. На последниот тајм-аут, големиот Иван Чупиќ кога натпреварот веќе беше речиси решен, им кажа на ракометарите дека не се „циркуска екипа“ да не прават циркус после мечот односно да не ја провоцираат публиката. И играчите Милан Лазаревски и Гоце Георгиевски ги повторуваа зборовите на Чупко: „Респект, тишина, респект“!

Игоре ги помеша а?

Игор Тудор фатен во комична сцена. Помеша друг човек со Арне Слот и тоа човек од својот стручен штаб.

Админот на Пелистер ги измеша брзините на Фејсбук

Ракометарите на Вардар завршија огромна работа во трката за титулата и славеа во Битола со 22:27. Тоа значи предност пред големиот ривал од +6, како и од Охрид. Админот на Фејсбукот на Еурофарм Пелистер се збуни за момент со резултатот.

Вардар го згасна битолскиот вулкан и полека го лади шампионскиот шампањ

Ракометарите на Вардар 1961 уште еднаш потврдија дека играат во врвна форма откако вечерва пред преполна сала во Битола го совладаа најголемиот ривал Еурофар Пелистер 22-27 и практично стави една рака на шампионскиот пехар иако до крај има уште многу да се игра.

Бизарна сцена на „Стемфорд Бриџ“, играчите го опколија судијата

Фудбалерите на Њукасл после цели 12 години успеаа да победат против Челси на гости. Славеа гостите 0-1 со голот на Ентони Гордон а домаќините пред натпреварот режираа една сцена која не се видела досега на фудбалските терени. Судијата Пол Тирни стоеше на теренот а играчите на Челси го опколија сите гушнати еден со друг. Чудна ситуација и невообичаена.

Дете даде гол за Арсенал и стана најмлад стрелец во историјата на Премиер лига

Дете веројатно ја реши трката за шампионска титула во Премиер лига.

Валверде се врати на бис со нова мајсторија, Гулер погоди од крајот на светот

Реал Мадрид го доби Елче со 4:1 во 28. коло од Ла Лига. Уште неспласната еуфоријата од неверојатниот хет-трик на Валверде против Манчестер Сити, Уругваецот со нова бомба. Точка на мечот стави Арда Гулер.

Бисти за двајцата навивачи на Осогово кои загинаа во Пулс

Пред натпреварот меѓу Осогово и Големо Коњари на стадионот „Никола Мантов“ беа откриени бисти на Томас Златков и Александар Стојанов, верни навивачи на Осогово, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани пред една година.

Де бре камерман усул да се немало

Додека играа Атланта Хокс и Бруклин Нетс во „Стејт Фарм Арена“ во Џорџа, еден камерман крај паркетот се однесувал како слон во стаклара па залетаната судијка ШаРае Мичел се удрила со сета сила во камерата и била повредена.

Овие фудбал играат или?

Се мислевме дали да го објавиме видеово, ама сепак го објавивме.

Кој е овде попијан?

Од гостување на двајца навивачи на Астон Вила, кои не веруваме деба биле на гостувањето (на стадион), освен ако снимката е после мечот.

Хет-трикот на Валверде во гаража

Ако некој го испушти осминафиналето меѓу Реал и Сити на кое блесок имаше Федерико Валверде со својот прв хет-трик во кариерата и тоа остварен уште во прво полувреме, нека не се мачи да гледа цел хајлајтс. Еве му сумирано.

Кога тренерот на Баерн Минхен Компани играл на турнир во Белград

Кој би рекол дека актуелниот тренер на Баерн Минхен Венсан Компани има само 39 години. А помина толку многу низ играчката кариера и освојуваше шампионски титули и трофеи со Андерлехт, Хамбургер, Манчестер Сити. За него Пеп Гвардиола еднаш рече дека е најинтелигентниот фудбалер со кого работел, а самиот Компани има завршено два факултети и докторат. Еднаш како голем талент на Хамбург на маалски турнир во блок 19 во Нов Белград го донел некогашниот српски репрезентативец Ненад Јестровиќ со кого играле во Андерлехт.

Сè може да се види на баскет терените во Њујорк

Па така и симпатична партија меѓу сестринството од католичкото здружение „Сестри за живот“.

Шишај брату, тепавме 5 по ред

Оној јадниот навивач на Манчестер Јунајтед рече дека нема намера да се шиша додека неговите не добијат 5 меча по ред. Во Бодо Глимт немаат таков проблем. Сезонава таму е забавата. Норвежаните врзаа таква серија и тоа во ЛШ против екипи кои се викаат Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, два пати Интер, па Спортинг. Навивач на Бодо му удри провокација на Англичанецот, кој вошки ќе фати уште малце. 526 дена не бил на бербер.

Ретро на денот, Ѕвезда - Реал 4:2, Бошко стрелец

Налетавме на јако видео од ЛШ, тогашен КЕШ. Четвртфинале меѓу Црвена Ѕвезда и Реал Мадрид, сезона 1986/1987. Година во која европски првак станува Порто, кој потоа ледната година го гази југословенскиот првак Вардар со вкупни 6:0 во првото коло.

Кошаркарот од стара приколка кој постигна 83 поени, го урна рекордот на Коби и стана легенда?

Можеби никогаш претходно вака значаен настан не бил следен со така очигледен скептицизам. Центарот на Мајами, Бам Адебајо, ценет поради својата посветеност и игра во одбраната, никогаш просечно не постигнал повеќе од 21 поен во своите 9 сезони во НБА. Сега на еден натпревар даде 83 поени и го шокираше светот на кошарката.

Зиданка на вечерта со прекрасен погодок

Рајо Ваљекано лесно се справи со турски Самсунспор и го совлада 1-3 на гости на првиот натпревар од 1/8 финалето на Конференциска лига. Бразилецот Алемао постигна два гола од кои вториот во 78' минута ќе се врти долго по интернет.