Белгиските коментатори полудеа на голот во 90-та минута за 2-2
Белгија и Сенегал го одиграа најлудиот натпревар досега на Светското првенство. Африканците водеа 2-0 дури до 86' минута кога Белгија намали на 2-1 преку Лукаку, а во 90-та минута Јури Тилеманс како најнизок највисоко скокна во шеснаесетникот и даде гол со глава за 2-2. Белгија се избори за продолженија каде Тилеманс постигна уште еден гол, од пенал кој го направија врз него.