Америка лесно со 2-0 ја прати Босна и Херцеговина дома

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го заврши своето учество на Светското првенство 2026 откако во 1/16 финале изгуби 2-0 од домаќинот САД кој половина час играше со играч помалку откако црвен им доби најдобриот фудбалер во екипата.

Како што и самите коефиценти пред натпреварот одредија дека САД се многу поголем фаворит за победата, така и фудбалерите предводени од Маурисио Почетино го оправдаа тоа на теренот.

Американците ја контролираа ситуацијата на терен од почеток до крај и заслужено одат во осминафинале.

Со голот на сјајниот центарфор Фоларин Балогун во 45' минута на истек на првиот дел САД поведоа 1-0. Истиот играч само неколку секунди после голот погоди и пречка па малку фалеше па донесе поубедлива предност.

Проблем за Босна и Херцеговина беше и повредата на капитенот Един Џеко на старт на вториот дел.

Во 64' минута Балогун доби директен црвен картон после гледање ВАР па Босна заигра со играч повеќе речиси 30 минути. Но ни бројчаната предност не им донесе резултат.

„Змејовите“ воопшто не се заканија кон голот на Фриц.

Во 82' минута точка на мечот стави Малик Тилман со прекрасен гол од слободен удар за конечни 2-0.

САД сега ги чека најсериозниот противник досега на Мундијалот, предизвик каков што немаа од старт на Светското - Белгија со Лукаку и Тилеманс.

2 јули 2026 - 08:20