Никој не замислуваше вака луд натпревар. Сенегал водеше 2-0 со два прекрасни гола, играше подобар фудбал во првиот дел и покажа зошто е шампион на Африка.
Белгијците беа на раб од елиминација. Немаа идеја како да стигнат до голот на противникот.
Но фудбалот режира драми какви што нема никаде.
Прво Хабиб Дијара му донесе предност на Сенегал во 25' минута по една одбиена топка од стативата и со тој резултат 1-0 се замина на полувреме.
Во вториот дел Сенегал почна стабилно и цврсто ја имаше контролата над играта. Во 51' минута Исмаила Сар после една контра фантастично ја прими топката на гради и распали за 2-0:

Кога се делуваше готово и Белгија беше пред испаѓање, а нивните двајца фудбалери Јури Тилеманс и Леандро Тросар за малку ќе се степаа по една караница, Белгија во 89' минута намали на 2-1 преку Ромелу Лукаку на асистенција на Тросар:
Кога немаше што да изгубат Белгијците тргнаа на се или ништо а Сенегал се повлече. И тоа ги чинеше. Во 89' минута Јури Тилемнас иако најнизок од сите играчи околу него успеа да го натскока противничкиот голман и со глава да израмни на 2-2:

Стадионот експлоидраше а Сенегалците не знаеа што ги снајде.
Во продолженијата Белгија тргна по трет гол. и го дочекаа. Во 120+4' минута од продолженијата добија пенал по прекршок токму над најдобриот играч на натпреварот Јури Тилманс, судијата гледаше ВАР и потврди удар од белата точка и покрај протестите на Сенегалците.
Јури Тилеманс со капитенска лента ја презеде одговорноста, шутираше сигурно и погоди за победа 3:2 и чудесен пресврт на Белгија.
Белгијците сега на 7-ми јули ги очекува САД кои ја совладаа Босна и Херцеговина.
