Offside

Милан влезе во криза во најважниот дел од сезоната. Примија 5 парчиња од Аталанта и Сасуоло. Им виси ЛШ.

Италијанците ја грмеа химната па исплашија детенце

„Светско без Италија е како Рим без Колосеум“ кажа Франческо Тоти пред некој ден и фрли уште малку сол на раната на Италијанците кои се присетија на болниот пораз од Македонија во Палермо. Сега додека се игра Светско аѕурите играат пријателски. Синоќа изгубија 2:0 од Австрија во Виена. Пред мечот ја викнаа химната и преплашија едно дете кое стоеше до нив.

Како тоа Ѓоковиќ игра тенис во Торино, а во исто време гледа фудбал во Катар?

Каков Морган Фримен, каква церемонија. Па ова е најјакиот кадар од отворањето на Мундијалот. Дајте му рекет на Арапов, немогуќа е сценава.

Ибра прв на честитање кај Новак

По завршувањето на Мастерсот во Торино кој го освои Ѓоковиќ откако во финале го совлада Каспер Руд, падна балканска средба меѓу двајца шампиони на кои стално им е ќеиф кога ќе се видат.

Ма какво Светско, гледајте каков гол и даде Алаба на Италија

На денот кога Катар и Еквадор го стартуваа светскиот фудбалски празник, во малку нетипичен термин се одиграа 20 пријателски. Италија, која Трајковски ја осакати во Палермо со голчиште и ја направи гледач на Мундијалот, загуби 2:0 од Австрија. Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба понижи Донарума со лудорија од еврогол.

Ѓоковиќ после титулата во Торино: Фала Македонија

По Данил Медведев, Андреј Рубљев, Стефанос Циципас и Тејлор Фриц, Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Торино го совлада норвешкиот претставник Каспер Руд со 7-5, 6-3, триумф кој му носи 1.500 поени на АТП листата и парична награда од 4,7 милиони долари. Во големата еуфорија на потпишување автограми се најде и Македонецот Димитар Бадев кој врза кус муабет со тенискиот ас.

Навивач на Еквадор реметеше Арап со гестикулирање пари

Еквадор испиша историја и стана прва селекција која успеала да слави над домаќинот на отворањето на Светско. Еквадорски навивач провоцираше на трибина домашен навивач, веројатно кажувајќи му дека победа со пари не се купува.

Кое правило се активираше за поништениот гол на Еквадор?

Еквадор славеше 2:0 против домаќинот Катар на првиот меч на Мундијалот. Соиграчот на Алиоски од Фенербахче, Енер Валенсија постигна хет-трик, ама еден гол му беше оправдано поништен со ВАР. На социјалните мрежи се крена голема галама дека бил регуларен.

Милевски: Ова е убав шамар за сите нас

Македонската фудбалска репрезентација не е во добар момент, а на денот на отворањето на Мундијалот на кое за прв пат му се доближивме на 90 минути, бележи неочекуван пораз и тоа дома од Азербејџан. Селекторот конечно е самокритичен.

Катар го отвори Мундијалот со спектакл во кој учествуваше голема холивудска ѕвезда

По сите долгогодишни перипетии, критики и контроверзи кои ги призна и самиот Сеп Блатер, дојде и тој ден, а тоа е стартот на 22-то Светско првенство кое за прв пат во историјата се игра во една мала земја како Катар и за прв пат во зима.

Предвидувања за Светско

Јутјуб подкастот „Ајде да зажмуримо“ се враќа на сцена за Мундијалот во Катар. Ги кине одлично сите ликови од нашата јавна, грото политичка сцена. Еден вели вака: Кој ќе освои Светско првенство? Па лесно прашање е тоа. Го знам одговорот. Ќе освои Светско првенство тој што ќе победи во финалето. Лесно е тоа, не треба да ви објаснувам.

Најубавата улица во Аргентина за Светското

Јужноамериканците со голема страст го доживуваат секој Мундијал, па така и овој во Катар, прв зимски во историјата. Една уличка во Аргентина е цела обоена во боите на „гаучосите“ кои предводени од големиот Лео Меси одат во поход на златниот пехар.

Пирс Морган со трипл-дабл за лицемерието околу Светското во Катар

Во глобалната галама за Мундијалот во Катар, дискусиите за човекови права, алкохоли и друго, поентерски најпрецизен испадна познатиот британски уредник и новинар.

Хрватите направија навивачка атмосфера во Доха

Светскиот вицешампион ќе има поддршка во Катар од своите верни навивачи. Група на Хрвати облечени како арапи, пееја песни и беа атракција во центарот на Доха. Хрватска првиот меч го игра против Мароко, во среда со почеток од 11 часот.

Официјалната химна за СП Катар 2022

Латино ѕвездата Малума, американската раперка Ники Минаж и либанската уметница Мирјам Фарес се изведувачи на песната „Tukoh Taka“, официјалната химна на Светското првенство. Ја пејат на шпански, англиски и арапски.

Претседателот на ФИФА го обвини Западот за лицемерие

На еден ден пред стартот на најголемиот фудбалски спектакл на планетата, Џани Инфантино рече дека не е лесно да се прифатат критики за одлука која е донесена пред 12 години и дека ова ќе биде најдобро Светско до сега.

Ѓоковиќ се тресеше од замор на мечот против Медведев

Новак Ѓоковиќ славеше против Данило Медведев со 2:1 со што обезбеди пласман во полуфиналето на АТП турнирот во Торино. Видеото кое најмногу кружи од тешката тричасовната битка е моментот кога Србинот седи исцрпен и се тресе од умор.

Како изгледа грчка салата во фан зоната во Катар?

Footy Scran е Твитер профил со скоро 500.000 следбеници каде се објавува храна од стадиони од цел свет. Навивачов, за 9 фунти или 635 денари, веројатно за прв и последен пат ќе нарача грчка салата во Катар.

Србите се загреаа за Мундијалот со петарда, еврогол на Тадиќ

Момците на Драган Стојковиќ Пикси одбработија одлична и доста ефикасна последна контролка пред Светското во Катар на која го совладаа Бахреин со 5:1. Двоен стрелец беше капитенот Душан Тадиќ, кој постигна маестрално и неодбранливо голчиште од слободен удар, а по еднаш стрелаа Влаховиќ, Ѓуричиќ и Јовиќ.

„Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, гостин Столе Димитриевски

Што му кажал Столе на Модриќ пред пеналот против Реал Мадрид? Каков подарок добил од Анчелоти? Какво е чувството да се игра за тим како Рајо Ваљекано? Одбраната против Косово и неговата тетоважа.

Ајде да се разбереме околу алкохолот на Светско во Катар

После многу нагаѓања дали смее или не смее да се пие, каде е дозволено, каде „ќе те апсат и носат во затвор“, најдобар опис на настаните од терен, во Катар, има главниот репортер на британски Скај Спортс, Кавех Солекол.

Се запознаваме со Група Ц на Светско првенство: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико и Полска

Стигнавме до станицата „Ц“ - група во која ќе игра најдобриот фудбалер на денешницата. Ќе биде интересно да се види како „гаучосите“ ќе се справат со Полска на Левандовски, со непознатата Саудиска Арабија и со секогаш незгодниот Мексико.