Гол на Меси вреден 43-ти трофеј во кариерата и 11-та титула за ПСЖ

Да, не е погрешен насловот. Додека тоа дунстерите го свират, тој им носи титули и испишува историја. 16 гола и 16 асистенции сезонава за ПСЖ само во првенство.

ПСЖ одигра 1:1 против Стразбур на гости, доволно за одбрана на титулата со +4 пред Ленс на едно коло до крајот на сезоната во Лига 1.

Меси постигна гол во 59-та минута и донесе еден куп насловни страници, бидејќи со него испиша историја и за него и за ПСЖ.

Со овој погодок број 496 Аргентинецот стана најдобар стрелец во европските лиги, постигнати на 577 меча со што го урна рекордот на Кристијано Роналдо.

Потоа стигна до бројка од 43 трофеи, рекорд кој го држеше Дани Алвеш.

ПСЖ пак од синоќа е најтрофеен француски клуб со 11 титули. Од нив 9 ги освои во последните 10 сезони.

Каков финиш во француската престолнина од каде заминува по крајот на сезоната.

28 мај 2023 - 09:01