Отвореното првенство на Франција, Гренд Слемот Ролан Гарос веќе е започнат преку квалификациите, а веќе од недела и понеделник почнуваат правите битки на терените.
Пред јавноста е можеби најнеобичниот Ролан Гарос во последните години. За првпат од почетокот на неговата неверојатно богата кариера на РГ ќе го нема Рафа Надал, а на турнирот ќе играат „некои нови клинци“ и ветеранот Новак Ѓоковиќ кој се надева на историски поход.
Novak is back 👊@DjokerNole | #RolandGarros pic.twitter.com/nazo0VAhUG
— Roland-Garros (@rolandgarros) May 25, 2023
Обложувалниците ги објавија коефицентите за освојување и прв фаворит за титулата е младиот чудесен Шпанец Карлос Алкараз со квота 2.30. Новак Ѓоковиќ е зад него втор со 2.75, а зад нив се Руне со коефицент 8.00 и Циципас со 9.00.
Неочекуваниот победник на Мастерсот во Рим, Русинот Медведев во моментов е на квота 15.00 а Синер за триумф носи коефицент 14.00.
Кај дамите, прв фаворит, далеку пред сите е Ига Швјонтек со 1.75. Втор фаворит е одличната Белорусинка Алина Сабаленка со 4.50, а трета е Рибакина со 9.00.
Има и специјали како на пример Новак освојува Ролан Гарос и Вимблдон и тој „пакет“ носи квота 6, а ако на тоа се охрабрите да ставите и УС Опен, тогаш коефицентот е 17.00.
Men's Singles draw at Roland Garros: pic.twitter.com/1I5OXz5AoF
— José Morgado (@josemorgado) May 25, 2023
Roland Garros, Women's Singles draw: pic.twitter.com/3QTDrqBw2t
— José Morgado (@josemorgado) May 25, 2023
За првиот противник на Нова Ѓоковиќ, Србинот роден во Њујорк Александар Ковачевиќ кој е 114-ти тенисер на ранг листата, ова ќе биде деби на Гренд слем. Тој во кариерата освоил два челенџери, во Кливленд и во Вако, а на АТП турнирите досега нема забележителни резултати.