Многу оригинален подарок добил Милнер од вработените на Енфилд Роуд

Ветеранот кој на 37 години го одигра последниот, проштален натпревар пред навивачите на „Енфилд Роуд“, добил многу интересен и необичен подарок од вработените на стадионот и задолжените за одржување на теренот. Парче тревник од белата точка на култниот стадион и му напишале во честитката: „За Џејмс, после 8 години како ја уништуваше нашата бела точка! Сега е време ти лично да се погрижиш за неа! Многу среќа во иднина, тимот на Енфилд Роуд“

Џејмс Милнер долго време беше главен изведувач на единаестерци во Ливерпул.

26 мај 2023 - 12:17