Несторовски стрелец на гол за Удинезе после шест месеци

Фудбалерите на Удинезе имаа убедливо водство од 0-2 на гостувањето на Југот од Италија во Салерно, но на крајот загубија после пресвртот на домаќините со гол во последни секунди од мечот за конечни 3:2. Илија Несторовски го постигна вториот гол за Удинезе во 30' минута, негов прв после цели шест месеци.

Ова беше втор гол сезонава за македонскиот центарфор. Првиот го даде против шампионот Наполи. 

27 мај 2023 - 22:11